д–р Ирена Теодора Весевска

Вонреден професор

Ирена Теодора Весевска е родена на 24.08.1983, во Скопје. Средно образование завршила во 2002 г. во ДСУ Јосип Броз – Тито. Со високо образование се стекнала на Филозофскиот Факултет, Скопје, и на Универзитетот во Љубљана на 2006 – 2007 година. Дипломирала во .2007 година, со просечен успех 9,95.

Во учебната 2007/08 се запишала на втор циклус (магистерски) студии на Институтот за историја на уметноста и археологија, Филозофски Факултет, Скопје. Студиите ги завршила во 2009 година, со просечен успех 10,00 и магистрирала на тема: Раното христијанство во Macedonia Secunda.

Докторска дисертација пријавила во 2009 година на Филозофскиот Факултет, Скопје. Дисертацијата на тема: Раното христијанство во доцноантичките провинции на територијата на Р Македонија (Македонија I, Македонија II, Нов Епир, Дарданија и Средоземна Дакија) ја одбранила во 2015 година и се стекнала со научниот степен доктор на науки од научната областа археологија. Била ангажирана како демонстратор по Ранохристијанска археологија 1 и 2 (2006–2009), стручен соработник по ранохристијанска археологија 1 и 2 (2009–2012), координатор за EKTС (2009–2010), избрана во звање помлад асистент по средновековна археологија 1 и 2, ранохристијанска археологија 1 и 2, вовед во научна работа, средновековна нумизматика, библиска археологија, археологија на турското средновековие (2012–2015), доцент по средновековна археологија 1 и 2, ранохристијанска археологија 1 и 2, вовед во научна работа, средновековна нумизматика, библиска археологија, археологија на турското средновековие (2015–2020) на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје – Филозофски Факултет, Институт за историја на уметноста и археологија.

Сега работи како вонреден професор во истите области.

Добитник е на наградата за најдобар студент од областа на општествените науки на УКИМ за 2006/2007 год.

Посетувала курсеви и семинари и остварила студиски престои на универзитети во Словенија, Србија и Египет. Била член на истражувачки тимови и раководела археолошки терени во Македонија и Словенија. Организирала серија предавања и координирала меѓународни конференции на истакнати стручњаци.

Го зборува англискиот и германскиот јазик; аматерски се занимава со фотографија и е љубител на електронска музика.

Проф. д–р Ирена Теодора Весевска изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На првиот циклус студии:
На вториот циклус студии:
  • 1

    Ранохристијанска археологија во Македонија

  • 2

    Рано христијанство

  • 3

    Циркулација на монети во средниот век

  • 3

    Средновековна фунерарна археологија

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ИУА6] Секојдневен живот во средновековна Македонија

  • 2

    [ИУА25] Контекстуализирање на родот во раното христијанство

  • 3

    [ИУА33] Ранохристијански базилики на територијата на Република Македонија во доцната антика



Библиографија

Upon the borders of Macedonia Secunda – facts, assumptions, considerations, Годишен Зборник на Филозофски Факултет 72, Скопје 2019

A Rare Byzantine Lead Seal From Medieval Bučin, Balcanoslavica 2, Prilep 2019

Ascending from Blood: Early Christian Architecture, Ancient Theatre and the Cult of the Martyrs, Folia Archaeologica Balkanica (FAB IV), Skopje 2018

Between east and west: Early Christian bishops from the territory of the Republic of Macedonia in historical source, Živa Antika 68, Skopje 2018

Women in Late Antiquity and Early Christianity: The voices and deeds of the “silent” minority, Годишен Зборник на Филозофски Факултет 71, Скопје 2018

Elizabeta Dimitrova, The Vinica Mystery: The Ceramic Treasures of Late Antique Fortress, Vinica: Museum “Teracota”, 2012 (book review by Irena T. Vesevska), Zograf. A Journal of Medieval Art, Number 37, 207, Belgrade 2013

Древниот Египет – каде што сé започнува, кон серијата предавања на д-р Рамадан Б. Хусеин, Министерство за антиквитети, Каиро, Macedoniae Acta Arhaeologica No. 20, 553-554, Скопје 2011

The triconch at Tudence: A short analyze of the type in history of architecture, Macedonian Historical Review vol. 1,81-89,2010 Skopje

Два дедикаторски натписа од Стоби, Македонско Наследство бр. 34-35, 151-156, 2009 Скопје

Хароновиот обол во антиката, Македонско Наследство бр. 28, 57 -61, 2006 Скопје