- (02) 3 116 520, лок. 204;
- (075) 323 757
- понеделник, 10:00–11:00 среда, 11:00–12:00
- mileva@fzf.ukim.edu.mk
- milevagjurovska@gmail.com
- профил на ризницата на УКИМ
д–р Милева Ѓуровска
Проф. д–р Милева Ѓуровска е родена во 1957 година во Скопје. Дипломирала (1980) и магистрирала (1988) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во септември 1981 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за социологија. Докторската дисертација на тема: „Влијанието на социјалните фактори врз вертикалната мобилност на жените во сферата на трудот“ја одбранила во октомври 1996 година на Филозофскиот факултет во Скопје стекнувајќи го звањето доктор по социолошки науки. Во звање доцент е избрана во фебруари 1997 година, а во звање вонреден професор избрана е во фебруари 2002 година. Од јанари 2007 година е редовен професор на Инситутот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Одликувана е со признанието: Академска палма (Palme Academique) доделено од Министерството за образование на Франција.
Била член на Регионалната експертска комисија (CRE) при Франкофонската универзитетска агенција (AUF-BECO) од 2010-2016 година.
Главен и одговорен уредник на Социолошка ревија (2005-2010).
Остварила повеќе студиски престои на универзитети во: Швајцарија (Универзитет на Нојшател), Франција (Институт за политички студии-Париз), IRESKO-Париз, Јагелонски универзитет – Краков.
Учестувала на повеќе научни конгреси на Франкофонската асоцијација на социолози (AISLF) каде е активен член и дел од одговорниот тим на CR – 24.
Организирала повеќе меѓународни конференции во Република Македонија во партнерство меѓу AISLF и Филозофскиот факултет, како и меѓу CEDIMES и Филозофскиот факултет. Уредник е на две монографии на француски јазик произлезени од меѓународните конференции.
Од 2010 и во актуелниот момент е претседател на Европското движење во Република Македонија во рамките на кое учествувала во подготовката и реализацијата на повеќе од 200 јавни дебати, меѓународни конференции и други настани од јавен карактер.
Национален кординатор на Националната конвенција за Европска унија во Република Македонија (NCEU-MK) – Јавна платформа за вклучување на стручната јавност во претпристапните преговoри за членство во ЕУ (од 2017 и во актуелната ситуација).
Била национален кординатор во повеќе научни проекти од областите: информатички и телекомуникациски технологии (TACTICS, EC Inco – Copernicus Program, 1999); Европска анкета за социјални прашања (SEESSP – подржана од министерството за образование на Норвешка, 2000); претприемничка култура (Проект – Иновативна социологија 2002); социјален дијалог (Swiss Labour Assistance Project 2005). eдукација за европска интеграција на млади (Европско движење проект 2004-2016); одржлив развој (АSO, 2006-2007);
Го зборува францускиот и англискиот јазик
Проф. д–р Милева Ѓуровска изведува настава и вежби по предметите:
На првиот циклус студии:
На вториот циклус студии:
-
1
[СО105З/18] Економија и општество
-
2
[ЕИ115И/18] Европска интеграција и европска конструкција
-
3
[СО212И/18] Организациски аспекти на менаџментот на човечки ресурси
-
4
[ЕИ101З/18] Општествената и економска интеграција на современите европски општества
На третиот циклус студии:
-
1
[СОЦ 5] Економски предизвици на современото општество
-
2
[СОЦ24] Социологија на организациите и управување со човечки ресурси
-
3
[СОЦ23] Социјална економија
Библиографија
Книги:
2019 – „Национална конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија: Книга на препораки“, Уредник, Воведен методолошко аналитички пристап (с. 5-21), Европско движење во република Македонија, Скопје;
2015 – „Социологија на трудот“, учебник за високо образование, Филозофски Факултет, Скопје;
2015 – „Strategic study on social economy development in the context of the South East Europe 2020 strategy“, by Dina Rakin, Davorka Vidovic, Mileva Gjurovska, and Anto Jankovic, European Movement Srbija, Beograd;
2015 – „Gender equality in the Republic of Macedonia: Between Tradition and Gender Mainstreaming Policies“, in the book: „Gender (In) Equality and Gender Policies in Southeastern Europe“, edited by Christine M. Hassenstab and Sabrina P. Ramet, Palgrave Macmillan, London;
2013 – „ Expertise et l’expert. La sociologie et ses défis contemporaine“, Actes du colloque : Les sciences sociales et leurs publiques : Angagements et distinctions, Ed. Mihai Dinu Gheorghiu et Paul Arnault, Université Alexandru Ioan Cuza-Iasi et AUF (BECO);
2008 – „Europe Elargie et ses défies”, Anthology of second seminar of CEDIMES- Paris and Faculty of Philosophy-Skopje, M. Gjurovska Editеur,
2008 – „ Социологија на женскиот труд“, Филозфски факултет, Скопје;
2006 – „Социологија“, учебник за високо образование, Филозфски факултет, Скопје;
2003 – „Социологија“ Учебник за трета година средно гимназиско образование (ко-автор), Просветно дело, Скопје;
2003 – „ Sociology in South-East European Societies“; Indiana Press University, (Co-author with Petre Georgievski);
2002 – „Социологија“, Учебник за втора година – гимназиско образовние (ко-автор), Просветно дело, Скопје.
Позначајни научни статии:
2018 – „ Political Clientelism and Corruption as Economic and Social Exchange”, Gjurovska, Mileva & Kandžija, Vinko & Miljanić, Journal of Economy and Business, Zagreb;
2017 – „From flexible organization to workplace stress“, Mileva Gjurovska & Peroska Jelena, Sociological Review 1, ZSM and Faculty of Philosophy, Skopje;
2015 – „Социологията между класическата концепция и неолибералната парадигма“, Special issue, Институтът по философия и социология при БАН (p.121 – 133)
2011 – „ Субјективните перцепции за социјалниот статус на Балканот, Монографија, 35 години социологија во Македонија, Филозофски факултет, Скопје;
2011 – „Sustainable development as social concept“, Sociological review 1/2, Institute of sociology, Faculty of Philosophy, Skopje;
2010 – „Le rôle de la société civile dans la construction européenne“, Réseaux Emergents ЕHES, Paris, 2010;
2010 – „Социјалниот капитал и глобализацијата“, Годишник на филозофскиот факултет, Скопје;
2009 – „Социјалните аспекти на глобализацијата“, Годишник на филозофскиот факултет, Скопје;
2008 – „ The Balkans countries in the world of the changing work“, Sociological Problems, Special issue, Sofia, Bulgarian Academy of Science;
2008 – „La démocratie dans le domaine du travail, Le processus de mutation des institutions du dialogue social“, Les Actes du colloque de l’AISLF: Engagement Citoyen, Nouvelle Université Bulgare;
2007 – „Демократијата во доменот на трудот: институционална инсуфициенција за водење на социјален дијалог во Македонија“, Евродијалог бр. 10, Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум (стр. 69-80).
2007 – „Економијата и културата“, Социолошка ревија 1 /2, ЗСМ и Филозофски факултет, Скопје;
2007 – „Sociological aspects of the markets and informal economy“, Univerzitetsko izdatelstvo „Sv. Kliment Ohridski“, Sofia;
2007 – „Social aspects of EU integrations, employments and unemployment in Republic of Macedonia – Polish and Macedonian experience“, VIII Seminar Skopje-Krakow, Faculty of Philosophy Skopje;
2006 – „ Задоволството од квалитетот на живеење на популацијата во Република Македонија“, Социолошка ревија 1 /2, ЗСМ и Филозофски факултет, Скопје;
2005 – „ La culture d’entreprise des Balkans“, Actes du colloque: Petites sociétés et minorités nationales sous la direction de Jascques L. Boucher et Thériault Joseph Yvon, Presse de l’Université du Québec;
2005 – „Redaction and adaption of Guidelines for the Multinational Companies (OECD) Publication in Macedonian language, Swiss Labour Assistance;
2004 –„Culture and Entrepreneurship in the Republic of Macedonia“, IX Seminar Skopje-Krakow, Jagielonsky Univerzitet, Krakow.