- (02) 3 286 281, лок. 155
- вторник, 11:00–13:00 четврток, 12:00–14:00
- radulovic@fzf.ukim.edu.mk
- профил на ризницата на УКИМ
- ORCID ID: 0000-0002-3753-1521
д–р Македонка Радуловиќ
Македонка Радуловиќ е родена на 05.01.1981 година во Скопје. Во 2004-тата година дипломира на Правниот факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, насока новинарство. Во 2005 година се запишува на последипломските студии на Филозофскиот Факултет во Скопје, Институт за социологија-Последипломски студии за Европска интеграција и комуникација. Магистерската теза под наслов „Европска здравствена политика во доменот на подобрување на заштитата на правата на пациентите и нејзиното влијание врз политиката на РМ “ ја пријавува во 2007 година и истата е одбранета на Институтот за социологија во Скопје, во март 2009 год. со што се стекнува со звање магистер по европски студии за интеграција.
Во септември 2009тата година на истиот институт ја пријавува докторската дисертација под наслов “Влијанието на Европската унија врз почитувањето и остварувањето на правото на здравје во Република Македонија како фундаментален дел од човековите права”. Истата е успешно одбранета во декември 2011 година, со што се стекнува со звањето доктор на европски студии за интеграција.
Во текот на студирањето работи како новинар во неколку печатени медиуми во кои има објавено голем број текстови.
Од септември 2007 година до мај 2013 година работи како соработник/асистент на Факултетот за политички науки при Европскиот Универзитет – РМ. Во текот на наставниот ангажман учествувала во подготовка на учебни помагала за потребите на Факултетот за правни и политички науки.
Од декември 2014 година е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за семејни студии, како доцент.
Автор е на научни и стручни трудови од областа на Европската социјална политика, семејството, здравјето и човековите права.
Има земено учество во меѓународни научни конференции и семинари.
Македонка Радуловиќ е активен член на Европското движење на Република Македонија. Од декември 2019 таа е потпретседател на Европското движење.
Радуловиќ е национален координатор за Македонија за COST Action 18123: The European Family Network.
Го зборува англискиот јазик и има основни познавања од францускиот јазик.
Истражувачки интереси: европска социјална политика, семејство, семејна и брачна едукација, семејство и здравје, човекови права.
Проф. д–р Македонка Радуловиќ изведува настава и вежби по предметите:
На првиот циклус студии:
Библиографија
“Омбудсманот и правата на детето во Република Македонија/Ombudsman and the Children Rights in the Republic of Macedonia”, Годишен Зборник на Правен факултет “Гоце Делчев”, Штип, број 8, 2018 година.
“Sexual Abuse on Children and Their Protection”, Makedonka Radulovic, Biljana Todorova,, Centrum, No.10-2018;
“The Need for Marital Education in Macedonia”, Makedonka Radulovic, Irena Avirovic, International Journal for Education, Research and Training (IJERT), Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Philosophy-Department of Pedagogy, Vol. 4, Issue 1, June 2018;
Artificial Intelligence and Family Functions and Relations/Вештачката интелигенција и семејните функции и односи”, International Journal of Science and Arts-IDEA, Vol.2 No.3, European University, Skopje, 2018;
“Здравјето како право, здравјето како обврска”, монографија, Македонка Радуловиќ “, Кутура, Скопје, 2018;
Семејството и религиските вредности/Family and religious values”, Петта меѓународна конференција-Општествените промени во глобалниот свет, Зборник на трудови, Универзитет “Гоце Делчев”, Штип;
“The Family in the Transition Process in the Republic of Macedonia”, The Sociological Review/Социолошка ревија, Списание на здружението на социолози и на Република Македонија и на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет, No 1/2017 Volume XVIII;
“Породилно отсуство во Република Македонија (Ставови на младите)/ Maternity Leave in the Republic of Macedonia (Opinions of the Young)”, Годишен Зборник на Филозофскиот факултет, Универзитет св. Кирил и Методиј, Книга 70, 2017.
“Новите семејни вредности/ New family values”, Зборник на трудови од Четвртата меѓународна конференција “Општествените промени во глобалниот свет”, Универзитет Гоце Делчев, Штип
“Промоција на семејството во програмите на политичките партии/ Promotion of the Family in the Political Parties’ Programs”, Македонско меѓународно списание за маркетинг, Македонско здружение за маркетинг- “Маркетинг” Скопје, Година 3 Број 6, 2017.
“Потреба од образованост за семејно живеење”, Годишен Зборник на Филозофскиот Факултет, Универзитет Кирил и Методиј, Книга 69, 2016;
“Политичките партии во Република Македонија за семејството и жената/Political Parties’ Programs Regarding Woman and Family”, Third International Scientific Conference: Social Change in the Global World, Center for Legal and Political Research, University Goce Delchev, 1, 2 September 2016, Book of abstracts, Stip, Macedonia;
“Youth Perception on Marriage and Married Life: an Analysis from the Republic of Macedonia”, Makedonka Radulovic, Irena Avirovic, Global virtual Conference Proceedings, Volume: 4, Issue: 1, April 2016.
“Is De Facto Partnership a Threat to Marriage? A Case Study from Macedonia”, Irena Avirovic, Makedonka Radulovic, European Journal for Social Sciences Education and Research (EJSER), European Center for Science Education and Research;
“The Impact of Globalization on the Macedonian Family”, Second International Scientific Conference: SOCIAL CHANGE IN THE GLOBAL WORLD – Proceedings, Goce Delcev, University in Shtip, Republic of MacedoniaI, Shtip 2015.
“The Family Model in the Context of Advertising at the Macedonian Television Programs”, Macedonian Journal of Marketing, No 1, 2015.
“Традициите во македонските и европските семејства”, Култура, Скопје 2014;
“The Effectiveness of the European Union Measures for Reconciliation of Work and Family Life”, International Academic Conference on Low and Politics, 2014 Conference proceedings, Istanbul, Turkey, 2014;
“Иднината на науката за семејството/The future of the Family science in Republic of Macedonia ”, International Scientific Conference “The Science and Social Development”, European University-Republic of Macedonia, Skopje 2014;
“Protection of the right to health; as part of human rights in the Republic of Macedonia; GV-Conference 2014 proceedings, Public service, Law, 2014;
”Влијанието на Европската Унија врз почитувањето и остварувањето на правото на здравје како дел од човековите права и слободи во РМ”, докторска теза, 2011;
“Европската Унија како културен проект/European Union as a cultural project”, Годишник на трудови, Меѓународна конференција”Европскиот пат кон иднината”, Европски Универзитет – РМ, Скопје, 2011;
“Концептот на јавно здравје во РМ- Задоволството на граѓаните од јавното здравство во РМ” Зборник на трудови, Прв приватен Универзитет, Европски Универзитет-РМ,ISSN 1857-6117 Скопје, 2009;
“Компаративни политички системи (учебно помагало/коавтор) Факултет за политички науки, Прв приватен Универзитет Европски Универзитет – РМ, Скопје, 2009;
“Современи политички системи” (учебно помагало/коавтор), Факултет за политички науки, Прв приватен Универзитет Европски Универзитет – РМ, Скопје, 2009;
„Европска здравствена политика во доменот на подобрување на заштитата на правата на пациентите и нејзиното влијание врз политиката на РМ “, магистерски труд, 2009;
“Локална самоуправа и локална управа” (учебно помагало/коавтор), Факултет за правни науки, Прв приватен Универзитет, Европски Универзитет-РМ, Скопје 2008;
“Техники на кампања во односите со јавноста” (учебно помагало/коавтор), Факултет за политички науки, Прв приватен Универзитет Европски Универзитет – РМ, Скопје 2008;
“Менаџерски техники во односите со јавноста” (учебно помагало/коавтор), Факултет за политички науки, Прв приватен Универзитет Европски Универзитет – РМ, Скопје 2008;
“Македонија на патот кон европско здравство”, Зборник на трудови, Прв приватен Универзитет, Европски Универзитет-РМ, ISSN 978-9989184-75-8, Скопје 2008.