Институт за филозофија

д-р Вангел Ноневски

Вонреден професор

Вангел Ноневски е роден 1977 година во Белград. Дипломирал (2001 година), магистрирал (2006) и докторирал (2012 година) на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Темата на неговата дисертација беше „Филозофските основи на дигиталната естетика“. Од 2012 до 2018 година беше професор на Универзитетот „Евро-Балкан“ во Скопје (каде и беше избран за доцент во 2012 година), а од 2015 до 2018 година и визитинг професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Од октомври 2018 година е избран за вонреден професор на Институтот за филозофија, при Филозофскиот факултет во Скопје. Професор е на предметите Естетика, Филозофија на културата и Филозофска антропологија, а воедно е визитинг професор (Естетика) на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Досега има издадено три авторски книги: Музички бриколаж (2003 година, Магор), Грамофонот како метаинструмент (2014 година, АКСИОМА) и Киборшка естетика (2018, АКСИОМА); и приредено еден зборник: Грамофонот како метаинструмент (2014 година, АКСИОМА). Три години (2008-2011) пишувал колумни за неколку македонски медиуми. Има преведено пет книги од англиски јазик и една од хрватски јазик. Учествувал на бројни домашни, регионални и меѓународни конференции и симпозиуми.

Неговите интереси и активности се од областите на културата и студиите на ремиксот (од Дишан до Grandmaster Flash); естетиката и интердисциплинарните студии на интерактивните уметности; модерната уметност и нејзиниот однос кон семиологијата (од Бенјамин до Дерида и отаде); културните студии (истражувања засновани на филозофијата и медиологијата); теоријата на современата архитектура и јавниот простор; и сè она што влегува во пукнатините меѓу нив… што и да е тоа.

Го зборува англискиот и српско-хрватскиот јазик, основач и главен координатор е на невладината организација АКСИОМА, која е посветена на организирање проекти од областа на современите уметности и издаваштвото на книги и каталози.

Проф. д–р Вангел Ноневски изведува настава и вежби по предметите:

На првиот циклус студии:


Библиографија

„Киберпанкот и слободното толкување на стварноста“, во Филозофска трибина, број 26/година 42, Филозофско друштво на Македонија – Скопје, есен 2019, стр. 109-121.

„Дерида, семплот и слободната игра во дискурсот на ремикс културата“, во Контекст (Списание за компаративна книжевност и културолошко истражување), бр. 20, Институт за македонска литература, Скопје, 2019, стр. 17-25;

„Културната интегративност на ремиксот“, во Катица Ќулавкова (ур.), Критички методи и толкувања (том II), Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2018, стр. 357-366;

„Уметноста како интерактивен процес“, во Катица Ќулавкова (ур.), Критички методи и толкувања (том II), Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2018, стр. 333-355;

„Фикцијата на киберпанкот како автентично искуство на стварноста“, во Катица Ќулавкова (ур.), Критички методи и толкувања (том I), Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2018, стр. 387-415;

„Скица за една неомарксистичка херменевтика“, во Катица Ќулавкова (ур.), Критички методи и толкувања (том I), Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2018, стр. 363-385;

„Изгубени во приказната: Скопје 2014 и делегитимацијата на македонскиот национален мит“, во Критика и молк: читање на македонската литература и култура (Зборник на трудови од меѓународната научна конференција), Институт за македонска литература – Скопје, 2017, стр. 394-403;

„Урнисување на културата на средбата во скопскиот јавен простор“, во Филозофска трибина, број 19/година 39, Филозофско друштво на Македонија – Скопје, пролет 2016, стр. 117-128;

„Идеалот καλοκαγαθία како задушувачки за уметноста на денешно време“, во Античкиот идеал на καλοκαγαθία (зборник на текстови), Филозофски факултет – Скопје, 2016, стр. 103-110;

„Семантичките аспекти во потеклото на ремикс културата“, во Контекст (Списание за компаративна книжевност и културолошко истражување), бр. 12, Институт за македонска литература, Скопје, 2014, стр. 179-190;

„Копање низ културните координати на аудитивните традиции во контекстот на ремикс културата“, во Културен живот (Списание за култура, уметност и општествени прашања), бр. 1-2, година LXI, Скопје, јануари-јуни 2014, стр. 68-73;

„Ослободување на протетското искуство“, во Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија (зборник на трудови), Универзитет „Евро-Балкан“, Скопје, 2014, стр. 275-282 (интернет верзија: http://issuu.com/univerzitetevro-balkan/docs/zbornik_na_trudovi_-_2013_i_del);

“Estética del remix”, Denken Pensée Thought Mysl…, nº 49, Criterios, La Habana, 1º noviembre 2013, pp. 820-836 (on-line version: http://www.criterios.es/denken/articulos/denken49.pdf);

„Слободна против регулирана култура“, во Граѓански (Магазин од поинаков формат), број 43, година II, Скопје, 23. февруари 2013 година, стр. 14-15;

„Како бионичката протетика преминува во естетичка киборжност?“, во Културен живот (Списание за култура, уметност и општествени прашања), бр. 1-2, година LVII, Скопје, јануари-јуни 2012, стр. 16-23;

“The Aesthetics of Remix”, во Blesok (on-line magazine for literature & other arts), no. 82, volume XV, Skopje, January-February 2012;

„Естетика на ремиксот“, во Блесок (интернет списание за литература и други уметности), бр. 82, година XV, Скопје, јануари-февруари 2012;

„Уметничкото дело во ерата на интерактивниот контекст“, во Контекст (Списание за компаративна книжевност и културолошко истражување), бр. 9, Институт за македонска литература, Скопје, 2011, стр. 85-97;

“Recycling as a Model for Participatory Local Culture: Re-thinking the Skopje Cultural Brand in the Context of Primitivism”, во Re-thinking Local Cultural Policy: New Identity and New Paradigm (зборник на трудови), Violeta Simjanovska (Ed.), PAC Multimedia, Skopje, 2011, pp. 25-45;

„Слободните медиуми и поданичката политика“, во Политиката и медиумите (зборник на трудови), Совет за глобална соработка, Скопје, 2010, стр. 70-73;

“Social Inclusion Between the Hybridization of Cultures and the Culture of Recycling”, во Integrating Differences: Human Rights, Social Inclusion and Social Cohesion in the Balkans on its Road to the EU (зборник на трудови), Euro-Balkan Institute, Skopje, 2009, pp. 101-113;

„Gramofon kao globtroter“, во Sarajevske sveske, no. 23-24, Mediacentar, Sarajevo, 2009, str. 181-191 (интернет верзија: http://sveske.ba/en/content/gramofon-kao-globtroter);

„Prazna ispunjenost – potpuna ispraznost“, во Sarajevske sveske, no. 21-22, Mediacentar, Sarajevo, 2008, str. 260-267 (интернет верзија: http://sveske.ba/en/content/prazna-ispunjenost-%E2%80%93-potpuna-ispraznost);

„Празна исполнетост – полна испразнетост“, во Наше писмо (Магазин за литература и култура), број 66, година XIV, Скопје, јули-декември 2008, стр. 18-23;

„Исток и(ли) запад?: прилог кон генеалогијата на културните соочувања“, во Маргина: за различности и интеграции, година XI, број 65, Темплум, Скопје, 2004, стр. 222-238.