д–р Дивна Лакинска
Доктор по педагошки науки, редовен професор во пензија на Институтот за социјална работа и социјална политика. Родена во Скопје, дипломирала (1966) на Групата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрирала (1983) и докторирала (1989) на Универзитетот во Белград.”.
Академска кариера
Изведувала настава по предметите: Педагогија, Општа андрагогија, Социјална андрагогија, Геронтологија, Социјална работа со семејство и Социјална работа во образование.
Во текот на пофесионалната кариера поминала низ бројни обуки, меѓу кои: Семејна терапија, Азра Кристанчиќ, Завод за социјални дејности (1993); Курс за едукатор за системска семејна терапија, Факултет за социјални науки Келн, Германија; Курс за градење на стандарди за високо образование на социјални работници, Факултет за социјални работи Стокхолм, Шведска (2000); Семејна терапија за работа со стари лица, Helpage International, Лондон (2004) и други.
Во повеќе наврати била раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика како и директор на Националниот центар за континуирано образование за социјален развој при Институтот за социјална работа и социјална политика. Извршувала и други активности како што се членство во Советот на EASSW (Европска асоцијација на факултети за социјална работа); членство во Извршниот совет на Балканската летна школа за социјална работа; членство во Советот на Балканскиот форум за педагогија и образование, Солун; координатор на соработката на Институтот за социјална работа и социјална политика со Католичкото високостручно училиште за социјални науки од Падерборн, Германија и други.
Реализирала голем број значајни истражувања и учествувала во креирање на политики од кои се истакнуваат следните: Државна стратегија за социјален развој на Република Македонија, PHARE Консенсус програма, 1997; Загрозеноста на ромските деца во општината Шуто Оризари, УНИЦЕФ, 2000; Проценка на потребите и капацитетите за младите, УНИЦЕФ и Светска Банка, Скопје, 2000; Загрозеноста на ромските деца во општините на град Скопје, УНИЦЕФ, 2001; Деца на улица, УНИЦЕФ, 2005.
Автор е на голем број на публикации, меѓу кои: Семејството и воспитанието, Студентски збор, Скопје, 1987; Country Policy Paper of the Republic of Macedonia, Phare Consensus Program, 1997; Vulnerability of Roma children in the municipality of Shuto Orizari, UNICEF, Скопје, 2000; Vulnerability of Roma children in the communities of Skopje, UNICEF, 2001. Има објавено и преку 60 статии во домашни и странски стручни списанија, од кои треба да се нагласат Continuing education for social workers – a path leading to sustainable social development, Sustainable Development in Social Work – The Case of a Regional Network in the Balkans, Stockholm University, Department of Social Work, 2005; Супервизијата – служба за поддршка на студентите во студирањето, Supervizija, Letopis Studijskog centra socijalnog rada, sv.6, Zagreb, 2004; Teachers education in primary schools, Teachers education in the Balkan Countries, Balkan society for Pedagogy and Education, 2001.