д–р Благоја Јанаков

Редовен професор

Благоја Јанаков е роден 1953 година; дете е на бегалци од Беломорска Македонија. Основно образование и гимназија заврши во Велес. Студирал психологија во Белград; дипломирал 1977. Таму магистрирал 1986 и докторирал 1991. Во 1979 се вработил на невропсихијатриско одделение при Медицинскиот центар во Јагодина, Србија; главна дејност – групна психотерапија. Кусо бил вработен во основно училиште. Неколку години предавал развојна и општа психологија на Педагошката академија во Јагодина. На Филозофскиот факултет во Скопје како асистент се вработил во 1989. По докторирањето избран е за доцент за предметот психологија на личност. После четири години избран е за вонреден професор. Двапати (2001 и 2006) е биран во звањето редовен професор. Предавал на Природно-математичкиот факултет, Факултетот за ликовни уметности и факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и методиј во Скопје.

Вонакадемски се едуцира за личен развој и психотерапијата. Учествува во бројни работилници, едукативни групи и семинари. Дел од нив ги водеа познати психолози и психотерапевти, а се одржуваа скоро исклучиво надвор од Македонија. Заврши четворогодишна едукација по гешталт терапија.

Членство во професионални асоцијации: Друштво на психолози на Србија, Сојуз на друштва на психолози на Југославија, Европска асоцијација за психологија на личност, Американска психолошка асоцијација, Европска асоцијација за психотерапија и др.

Професионална дејност: На додипломските студии претежно предавал психологија на личност. Последните петнаесетина години ги предавал предметите Личност, Теории за личноста и Психологија на личен развој. На последипломските студии предавал околу 25 години; предавал повеќе предмети, претежно од областите на психологија на личноста, психолошко советување и психотерапија. На последипломските студии иницирал создавање насока Личност и советување и ја организирал наставата на насоката; ја водел насоката и ги предавал поголемиот дел од предметите. Предавал и на докторските студии. Повеќе од 15 години водел едукативни групи за личен развој и интегративна психотерапија.

Учество на собири: Учествувал во бројни собири на психолози и психотерапевти. Некои се следните: Собири на психолози на Македонија, собири на психолози на Србија, Југословенски конгреси на психолози, Европски конгреси по психологија, Меѓународни (светски) конгреси по применета психологија, Меѓународни (светски) конгреси по психологија, Европски конгреси за психотерапија, Светски конгреси за психотерапија. На сите тие собири учествувал активно, т.е. со труд, презентација или како водител на работилница. На некои од собирите претседавал со симпозиуми или одржал пленарно предавање. На 12-от Европски конгрес за психотерапија (во 2004 г.) водеше работилница за Јунгијанско толкување соништа

Зборува руски, англиски и неколку јужнословенски јазици. Aматерски се занимава со овоштарство. Голем љубител е на уметноста, особено на изворната македонска народна музика.

Истражувачки интереси: човекознаење, персонологија, психологија на личност, советување и психотерапија.

Проф. д–р Благоја Јанаков последните години изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    Основи на персонологијата

  • 2

    Психолошко советување и психотерапија

  • 3

    Концепции за личноста

  • 4

    Психологија на личен развој

На третиот циклус студии:
  • 1

    Нови идеи и трендови во психологијата



Библиографија

Објавил повеќе трудови, на македонски, српски, словенечки, руски и англиски јазик. Некои се следниве:

– 2018. Основи на персонологијата 1 и 2. Скопје: Филозофски факултет.

– 2015. Среќа. Прирачник за усреќување и добрување, 3-о изд. Скопје, Филозофски факултет.

– 2015. Современа психологија на личноста, 3-о изд. Скопје: Филозофски факултет

– 2002. Сто години психоанализа (уредник и автор на еден од текстовите). Скопје, .

– 1988. Psihologija samosvesti. Beograd, IIC SSO.

Бројни текстови се објавени во весници и непрофесионални списанија. Учествувал во бројни радио и телевизиски емисии.