Институт за психологија

Проф. д-р Јаков Лазароски

Редовен професор

Беше роден во с. Октиси, Струга. Дипломираше психологија на Филозофскиот факултет во Белград каде што и магистрираше и докторираше. На Филозофскиот факултет во Скопје се вработи во 1972 година прво како предавач по Педагошка психологија, а потоа и како професор по Социјална психологија. Освен на студентите по психологија, предаваше и на студентите по социологија на Филозофскиот факултет и на студентите по новинарство и политички студии на Правниот факултет. Во периодот 1976-1986 година вршеше високи политички функции поради што наставната дејност ја изведуваше со редуциран ангажман. Автор е на бројни трудови од областа на педагошката и на социјалната психологија, на теми поврзани со јавното мислење, психолошките аспекти на малолетничката деликвенција, социјализацијата, групната динамика, ставовите кон припадниците на сопствената нација и на другите нации, агресивното и алтруистичкото однесување. Беше еден од основополжниците на Институтот по психологија на Филозофскиот факултет во Скопје и ќе остане запаметен не само по неговиот придонес во развојот на психологијата во нашата држава, туку и по професионалниот и темелен пристап кон работата и толерантниот однос кон колегите и студентите.