Проф. д–р Томе Николоски
Роден е на 16 -ти Септември, 1941 годинаа во Крушево. Основно образование стекнал во Крушево, по што се запишал во Учителска школа во Скопје. Една учебна година бил учител во село Пуста Река, Крушевско. Во 1961 година се запишал на Филозофски факултет во Белград, одделение за психологија, каде успешно дипломирал во 1964 година. Една година бил војник во ЈНА. Во 1966 година се вработил во Центарот за професионална рехабилитација на инвалидизирани лица, како Раководител на одделението за селекција и обучување при истиот Центар.Таму работел четири години. Во 1970 година бил избран за асистент при Институтот за филозофија по предметите општа, детска и педагошка психологија за студентите од Одделението за педагогија и филозофија. Тој беше прв новопримен член во програмата за отварање на ново одделение на Филозофски факултет, Одделение за психологија. Истата година се запишал на магистерски студии по индустриска психологија на Универзитетот во Белград, каде што ги положил сите испити и почнал да работи врз магистерски труд. Во 1972 година заминал на постдипломски магистерски студии во Англија, Универзитет во Хал (University of Hull) со стипендија на Британскиот Совет. Магистрирал во 1973 година. Заради постигнатиот успех на магистерските студии, добил 3 годишна стипендија од истиот Универзитет да работи врз докторски труд. Докторирал во 1976 година на тема Processes underlaying stimulus-response compatibility. Во 1977 година бил избран за доцент а во 1983 година за вонреден професор по предметите Психологија на трудот и Статистика во психологијата. Од 1987 е редовен професор за истите предмети. Во повеќе наврати бил назначен за Раководител на одделението за психологија (сега Институт за психологија) а бил Подекан и Декан на Факултетот. Во 2006 година ги исполнил условите за пензија и бил пензиониран.
Библиографија
Т. Николоски. (2005). Психологија на трудот (второ издание). Филозофски
факултет, Скопје.
Т. Николоски. (2001). Статистика во психологијата. Филозофски
факултет, Скопхје.
Т. Николоски. (2000). Психологија на трудот. Филозофски факултет,
Скопје.
Т. Николоски. (1998). Статистика со комјутерска обработка на
податоци, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Т. Николоски. (1997). Напредни статистички методи за психолози.
Филозофски факултет, Скопје.
Т. Николоски. (1996). Луѓето и занимањата. Филозофски факултет, Скопје.
Т. Николоски (коавтор). (1989). ВИТИМ (Векслеров Индивидуален Тест на
Интелигенција за Македонска популаација. Сојуз на Друштвата на
Психолози од СРМ.
Т. Николоски. (1988). Основи на статистиката во психологијата (второ
издание). Студентски збор, Скопје
Т. Николоски. (1982). Основи на статистиката во психологијата.
Студентски збор, Скопје
Т. Николоски. (1977). ПСИХОЛОГИЈА за III клас на медицинските
училишта. Просветно дело, Skopje.
Т. Николоски. (2019). Реакционото време како зависна варијабла во
психолошките истражувања. Психологија наука и практика, III, 5-6,
61-82.
Т. Николоски. (2018). Како се перципираат лицата со високи постигнувања,
Психологија наука и практика, II, 3, 7-24.
Т. Николоски. (2015). Ин Мемориам Џером Брунер (1915-2016).
Психологија наука и практика, I, 2, 91-93.
Т. Николоски. (2015). Перцепција на времето: едно резиме и критички
осврт на постојните сознанија, Просветно дело, 2, 72- 87.
Т. Николоски. (2014). Третманот на учениците со исклучиви способности.
Просветно дело, 4, 86-103.
Т. Николоски. (2014). Сирил Барт (Syril Burt) после 100 година. Педагогија,
LXIX, 283-295.
Т. Николоски. (2014). Две нови идеи во психологијата. Просветно дело, 1,
101-112.
Т. Николоски. (2004). Психолошки проблеми на новите облици на работа.
ЗБОРНИК: 30 ГОДИНИ Институт за психологија, 181-192.
Т. Николоски. (2003). Кариера и менаџмент на кариерата. Годишен зборник
на Филозофскиот факултет, 56, 165-174.
Т. Николоски. (1999). Нови тенденции во професионалната ориентација.
Просветно дело, LII,5, 3-9.
Т. Николоски. (1999). Индустриската психологија, современата производна
околина и планирањето на работните места. Зборник: 25 години
Институт за психологија, 13-21, Универзитет „Св. Кирил и
Меториј“, Скопје.
Т. Николоски. (1999). Стресот на работните места. Просветно дело, LII, 3,
73-84.
Т. Николоски (прв автор). (1998). Психолошка експлорација на лицата
што немаат рабаота. Просветно дело, LI, 70-79.
Т. Николоски. (1997). Новата технологија и планирањето на работните
места. Просветно дело, LI, 5, 61-73.
Т. Николоски. (1996). Улогата на психолошките и социоекономските
варијабли при изборот на насоката на средното образование,
Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 101-110.
Т. Николоски et al. (прв автор). (1994). Интелигенцијата и професионалното
определување на учениците. Просветно дело, XLVIII, 5, 79-92.
Т. Николоски (коавтор). (1994). Емоционално-конативните особини на
личноста и професионалното определување на учениците.
Просветно дело, XLVIII, 1, 90-103.
Т. Николоски et al. (прв автор). (1993). Мотив за постигнување и
професионалното определување на учениците. Просветно дело,
XLVII, 4, 53-75.
Т. Николоски et al. (прв автор). (1993). Интересите за занимања и
професионалното определување на учениците, Просветно дело,
XLVII, 3, 82-102.
Т. Николоски. (1993). Интермитентноста на човековото однесување.
Просветно дело, XLVII, 1, 89-100.
T. Nikoloski. (1992). Saobraćajne nezgode i ličnost vozača. Psihologija, XXV (3-
4), 85-98.
Т. Николоски. (1990-1991). Сообраќајните несреќи: улогата на личноста.
Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 125-164.
T. Nikoloski. (1989). Krejk i problem intermitentnosti čovekovog ponašanja.
Primijenjena psihologija, 10 (4), 313-318.
T. Nikoloski. (1988). Human factors, Vol. 30.1988. Primijenjena psihologija, 10
(3), 257-260.
Т. Николоски. (1987). Хипотези за дистрибуцијата на несреќите. Годишен
зборник на Филозофскиот факултет, 14 (40), 265-282.
Т. Николоски. (1987). Човековата способност да обработува информации.
Просветно дело, 5-6, 92-102.
Т. Николоски. (1986). Мотивација, обноска, работна обноска. Просветно
дело, 1-2,123-133.
T. Nikoloski. (1985). Jedna provera Herzbergove teorije. Primijenjena
psihologija, 3-4, 249-253.
Т. Николоски. (1984). Херзберговата теорија на мотивација: преглед и
критика. Просветно дело, 7-8, 21- 32.
Т. Николоски. (1983). Виљем Џејмс и денес актуелен. Просветно дело,
XXXVIII, 5-6, 96-98.
T. Nikoloski. (1983). Kompatibilnost između stimulusa i odgovora: broj ili
poklapanje procesa rekodiranja. Psihologija, XVI (3), 40-53.
Т. Николоски. (1982). Компетентна и „компетентна“ критика. Погледи, 7,
129-138.
Т. Николоски. (1982). Научноста на едно истражување. Погледи, 1, 123-136.
T. Nikoloski. (1981). Čovekov rad u automatizovanim sistemima. Psihologija, XIV
(3), 148-152.
Т. Николоски. (1981). Вербално и моторно реакционо време на јазични и
сликовни симболи. Годишен зборник на Филозофскиот
факултет, 7 (33), 231- 248.
T. Nikoloski. (1980). Efekat ponavljanja kod diskretnih zadataka. Primijenjena
psihologija, 10 (2), 123-126.
Т. Николоски. (1980). Кадровска или индустриска психологија. Погледи, 6,
117-127.
Т. Николоски. (1979/80). Проблемот на склоност кон несреќи, Годишен
зборник на Филозофскиот факултет, 5-6 (31-32), 353-367.
Т. Николоски. (1979/80). Компатибилноста помеѓу стимулусот и одговорот,
бројот на алтернативите и реакционото време. Годишен зборник на
Философскиот факултет, 5-6 (31-32), 341-351.
T. Nikoloski. (1979). Neki aspekti čovekovog obrađivanja informacija.
Psihologija, XII (7), 73-88.
Т. Николоски. (1978). Влијанието на компатибилноста помеѓу стимулусот и
одговорот на психолошкиот рефракторен период. Годишен зборник
на Филозофскиот факултет, 4 (30), 457-483.
T. Nikoloski. (1978). Murvin Dunnette, Industrial and Organizational
Psychology. Psihologija, 1-2, 1978.
Т. Николоски. (1972). Критериумот на оценувањето и пшознавањето на
учениците. Просветно дело,XXVIII, 1-2, 52-59.
Т. Николоски, Љ. Копровски. (1971). Еден обид да се утврди интензитетот
на некои варијабли при социјалното групирање на учениците,
Просветно дело, XXVII, 5-6, 276-283.
Т. Николоски. (1971). Едно психолошко истражување на личноста. Погледи,
2, 76-280.
T. Nikoloski. (1969). Umor ii osetljivost za dodir. Psihologija, 2, 123-126.
Т. Николоски. (1968). Професионална рехабилитација данас. Повратак у
живот, XVI, 31-42.
Има објавено повеќе популарни написи во некогашна Нова
Македонија како и во други пишани медиуми, во Психолошке
новине (Белград) и во некои електронски медиуми а со цел да ја
популаризира психологијата како наука.
Со Указ на Претседателството на Социјалистичка
Република Југославија во 1989 година е одликуван со ОРДЕН
НА ТРУДОТ СО ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ за особени заслуги и за
постигнати резултати од значење за напредокот на земјата.
На 8-от Конгрес на Друштвото на психолози на Југославија е
одликуван со ЗЛАТНА ПЛАКЕТА за значаен допринос за
развојот и афирмацијата на психологијата.