• Петок, 9.00-11.00 часот по електронски пат.
  • maja.korubin@fzf.ukim.edu.mk
  • (02) 3 116 520, лок. локал 213

Институт за психологија

Д-р Маја Корубин Ќорлука

Доцент

Д-р Маја Корубин Ќорлука е родена 1979 година во Скопје. Дипломирала (2005) и магистрирала (2010) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторската дисертација на тема „Карактерните квалитети, субјективната добросостојба и општата и социјалната самоефикасност кај студенти “ ја одбранила во 2015 година на истиот факултет, со што се стекнала со звањето доктор по психолошки науки. Од 2005 година работи како предавач по психологија во рамки на повеќе високообразовни институции, а во 2017 година е избрана за насловен доцент, на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Од јуни 2022 година е доцент при Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. За време на работењето во Министерството за образование и наука, а потоа како раководител на одделението за обука на обучувачи, личен развој и професионална ориентација во ЈУ Центарот за образование на возрасните, Корубин Ќорлука има учествувано во повеќе национални и интернационални проекти под покровителство на: Европската фондација за обуки (ETF), Делегација на ЕУ,  Генерален директорат за образование и култура на ЕК, УНДП, Институт за меѓународна соработка на германската асоцијација за образование на возрасни (DVV International), Британски совет и други.

Ангажирана е во комисии за подготовка на национални документи, како: Македонска рамка на квалификации – МРК, Национална стратегија за образование 2018-2025, Стратегија за образование на возрасните 2019-2023, Концепција за неформално и информално учење во РМ, Концепција за доживотно учење, како и повеќе закони од областа на образованието. Д-р Корубин Ќорлука имала кратки студиски престои во Финска, Португалија, Франција, Шпанија, Германија, Романија и во други земји. Има реализирано предавања на повеќе научни стручни собири и членувано во одбори на две меѓународни научни стручни списанија. Има повеќегодишна психотераписка едукација, а во 2009 година се здобива со европскиот сертификат за психотерапија (ЕSP – European Certificate for Psychotherapy) и европскиот сертификат за гешталт психотерапија (EAGT – European Certificate for Gestalt Psychotherapy). Истражувачки интереси: личноста, факторите на личноста, себството, субјективната добросостојба, екопсихологија.