д-р Ивица (Иван) Џепароски

Редовен професор

Проф. д-р Ивица (Иван) Џепароски е роден на 9 мај 1958 година во Скопје каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал во 1980 година како првенец на генерацијата со просек 9.80 на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Двегодишните последипломски студии од областа на социологијата на културата ги завршил со просек 9.85 на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, каде што и магистрирал во 1991 година со темата „Социологијата на книжевноста во творештвото на раниот Лукач“ под менторство на академик Георги Старделов. Докторирал во 1997 година на Филозофскиот факултет во Скопје, повторно под менторство на академик Георги Старделов со темата од областа на естетиката: „Уметничкото дело во втората половина на ХХ век“.

По дипломирањето најпрвин работи како новинар (1981) и уредник во научните програми на Македонското радио – Трета програма (1982) и на Македонската телевизија – Образовна програма (1983), а во 1985 година станува уредник на културната и главен уредник на културно-уметничката програма (1989) на Македонската телевизија и таму работи до крајот на 1992 година. Тогаш се занимава со продуцирање и реализирање на емисии од областа на културата, но се јавува и како автор и сценарист на голем број документарни и играни програми кои учествуваат на повеќе фестивали во земјата и во странство. Автор е и на сценаријата за тв-драмите „Сократ“ (1991) – добитник на наградата за режија на последниот одржан (1991) ЈРТВ фестивал во Неум (БиХ) – и „Талес“ (1992).

Потоа започнува да работи на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје како асистент (1993), доцент (1998), вонреден професор (2003) и редовен професор (2007) по предметите „естетика“, „историја на естетиката“ и „филозофија на културата“. Како гостин професор повеќе години предавал „естетика“ и на додипломските студии за Компаративна книжевност на Филолошкиот факултет, на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности и на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Еден е од основачите на интеркултурните студии при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што на последипломските студии го предава предметот „теорија на културата“.

Во текот на наставно-научната дејност, како доцент, вонреден професор и редовен професор, Џепароски е ментор на голем број дипломци (над 50) на институтот за филозофија, член е на комисии при одбрани на дипломски, магистерски и докторски трудови, како и ментор на поголем број магистранди (10) и докторанди (8) од областа на естетиката и филозофијата на културата. Раководел и во моментов сè уште раководи со Институтот за филозофија (2004-2009; 2013-2020) а бил раководител и на последипломските студии на институтот за филозофија (2009-2013).

Автор е на голем број предговори и поговори при преводи на значајни филозофски дела (Платон, Псевдо-Лонгин, А. Баумгартен, С. Фројд, М. Де Унамуно, А. Ками, Р. Вилијамс, Е. Касирер, Х. Г. Гадамер), но и при преводи на книжевни дела (Плаут, В. Блејк, Џ. Џојс, Ј. Бродски, Ф. М. Форд, Џ. Штајнбек) а неговиот научен опус изнесува над триста и педесет (350) библиографски единици – книги и текстови објавувани во земјата и странство. За првпат на македонски јазик во одделни книги ги преведува поетските остварувања на Вилијам Блејк „Песни на невиноста и на искуството“ (1988), на Јосиф Бродски „Дел од говорот“ (1988) и на Џејмс Џојс „Камерна музика“ (1993). Воедно тој учествува и на поголем број научни симпозиуми, собири и трибини, во земјата и надвор од неа, а преку интервјуа и осврти, главно од стручен карактер, бил присутен на страниците на повеќе дневни и седмични весници и списанија. Учествувал и во поголем број тв-емисии од стручен карактер посветени на филозофијата (естетиката) и на поодделните уметности.

Иван Џепароски е автор на 30 книги – четиринаесет од областа на филозофијата, естетиката и уметничката критика, на три филозофски и естетички хрестоматии, на три книжевно-теориски избори (од кои едниот е преведен на шест странски јазици), на седум поетски стихозбирки и три поетски антологии. Се занимава и со препев, главно од англиски јазик: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Керол Ен Дафи. Неговата поезија е застапена во голем број антологии на македонската поезија во земјата и во странство а избори од неговата поезија во посебни книги се објавени на бугарски јазик (2006), англиски јазик (2011, 2012 и 2017), на романски јазик (2012) и на српски јазик (2018). Неговата книга од областа на естетиката „Уметничкото дело“ преведена е на албански јазик во 2018 година. Есеите и поезијата преведувани му се на двесет јазици во светот: англиски, француски, германски, шпански, италијански, руски, украински, кинески, арапски, бугарски, романски, полски, литвански, турски, словенечки, хрватски, босански, албански и српски јазик.

Добитник е на повеќе професионални и национални награди: „Млад Борец“ – за филозофското дело „Арго плови по Аксиј“ (1984), „Димитар Митрев“ – за естетичкото дело „Во потрага по изгубениот тоталитет“ (1993), „Григор Прличев“ – за препевот на книгата на Џејмс Џојс „Камерна музика“ (1993), „Парадигма“ – за севкупен есеистички опус (2009) и најзначајната награда за поезија кај нас „Браќа Миладиновци“ – за поетското дело „Светлината на Света Гора“ (2016). Член е на Филозофското друштво на Македонија, на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН Центар – кадешто во три мандати бил и негов секретар (1999-2001; 2008-2014). Бил и член на советот на „Охридско лето“, „Струшките вечери на поезијата“ и на „Рациновите средби“ а бил член и на повеќе жири комисии од областа на литературата во земјата и во странство („Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“, „Григор Прличев“, „Утрински весник – роман на годината“, „Балканика“). Исто така, бил член и на редакциите на списанијата: „Трета програма“, „Погледи“, „Филозофска трибина“, „Филозофија“ и главен уредник на The Macedonian P.E.N. Review. Од средината на 90-тите години на минатиот век до средината на првата деценија на овој век бил научен секретар на макропроектот на МАНУ „Историја на културата на Македонија“ што го раководи академик Георги Старделов, а сега учествува во редакцијата и уредувањето на последните томови од овој проект посветени на современата македонска книжевност („Епоха Блаже Конески“).

Иван Џепароски учествувал на голем број симпозиуми и научни расправи во земјата и странство, имал свои поетски портрети и групни поетски настапи во Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Литванија, Полска, Русија, Романија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Турција, а раководел и земал учество во поголем број научни проекти од областа на филозофијата, културата, книжевноста и уметноста. Учествувал во проектот при МАНУ „Интерпретативни методи (книжевна херменевтика)“ под раководство на академик Катица Ќулавкова, во моментов соработува во макропроектот на академик Георги Старделов „Историја на културата на Македонија“, а учествува и како ко-автор (заедно со Ана Димишковска) во подготвувањето на „Терминологијата од областа на филозофијата“ (2018-2020) во рамките на макропроектот на МАНУ „Македонска терминологија“ под раководство на академик Витомир Митевски. Член е, исто така, на деканската управа на Филозофскиот факултет, како и на комисијата за меѓународна и интеруниверзитетска соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Проф. д-р Иван Џепароски изведува настава по следниве предмети на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ФИ102З/18] Филозофија на XX век

  • 2

    [ФИ106З/18] Естетика на XX век

  • 3

    [ФИ218И/18] Естетика на возвишеното

  • 4

    [ФИ223И/18] Естетика на играта

  • 5

    [ИС211/18] Теорија на културата

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ФИФ16] Еколошка естетика

  • 2

    [ФИФ17] Балканска естетика



Библиографија

Филозофски и естетички дела:

Естетика I, Скопје: Аз-Буки, 2020 (во печат)

Поезијата и возвишеното, Скопје: Ми-Ан, 2019, стр. 205.

Филозофијата во образованието: студија (ко-автор), Скопје: Филозофски факултет, 2019, стр. 234.

Култура и книжевност, Скопје: Магор, 2016, стр. 322.

Дискурси на визуелното, Скопје: Матица македонска, 2014, стр. 202 + XXXII.

Свето Манев, Скопје: Ѓурѓа, 2014, стр. 64.

Став и суштина, Скопје: Дијалог, 2010, стр. 206.

Естетика на возвишеното, Скопје: Магор, 2008, стр. 267.

Младите, сакралното и уметноста (ко-автор), Скопје: Темплум, 2003, стр. 69.

Филозофски приказни, Скопје: Магор, 2001, стр. 191.

Отаде системот, Скопје: Култура, 2000, стр. 300.

Уметничкото дело, Скопје: Култура, 1998 стр. 441. (второ доп. изд.), Скопје: Магор, 2009, стр. 287.

Во потрага по изгубениот тоталитет, Скопје: Култура, 1993, стр. 283.

Арго плови по Аксиј, Скопје: Мисла, 1984, стр. 241.

Филозофски и естетички хрестоматии:

 Аспекти на другоста (избор, предговор, вовед кон текстовите, речник и редакција), Скопје: Менора-Евро Балкан Прес, 2007, стр. 362.

Убавина и уметност: од Платон до Кроче (избор, предговор, вовед кон текстовите и редакција), Скопје: Магор, 2005, стр. XXIII + 412.

Естетика на играта (избор, предговор и редакција), Скопје: Култура, 2003, стр. 266.

Книжевно-теориски избори:

Ohrid P.E.N. Essays (ed.) Ivan Djeparoski, Special Issue of The Macedonian P.E.N. Review, Skopje: Macedonian P.E.N. Centre, 2010, pp. 98.

Македонскиот есеј (избор, предговор, редакција и био-библиографски белешки), Битола:

Микена, 2008, стр. 462.

Антонио Грамши, Интелектуалците и револуцијата (избор, стручна редакција и предговор), Скопје, 1989, стр. 430.

Поетски дела:

Градот, Скопје: Ми-Ан, 2020 (во печат)

Светлината на Света Гора, Скопје: Магор, 2015, стр. 100.

Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012, стр. 104.

Волја за мисла (избор), Битола: Микена, 2008, стр. 145.

Песни (избрани и нови песни), Скопје: Детска радост, 1998, стр. 222.

Еклоги, Скопје: Македонска книга 1992, стр. 53. 

Слики од изложбата, Скопје: Наша книга, 1989, стр. 65.

Поетски антологии:

Арката на Ное: Поезија и animalia (избор, предговор и белешка за авторите Иван Џепароски), Струга: Струшки вечери на поезијата, 2019, стр. 196.

а) Noah’s Ark: Poetry and Animalia (selection, preface, and notes Ivan Djeparoski), translated into English by Zoran Anchevski, Struga: Struga poetry Evenings, 2019, pp. 192.

Антологија на солзите (избор и предговор Иван Џепароски), Скопје: МакеДокс, 2012, стр. 52+52.

(а) Anthology of Tears (selection and introduction Ivan Djeparoski), Skopje: MakeDox, 2012, pp. 52+52.

Убави зборови: современа јужнословенска поезија (избор Иван Џепароски), Скопје: Детска радост, 1994, стр. 79;

(а) Убави зборови: современа јужнословенска поезија (избор Иван Џепароски), (второ издание), Скопје: Просветно дело, 2014, стр. 92.

(б) Убави зборови: современа јужнословенска поезија (избор Иван Џепароски), (трето издание), Скопје: Просветно дело, 2017, стр. 92.

Преводи на естетичко-есеистички книги (на албански, германски,  руски, француски, кинески, шпански и англиски јазик):

Vepra artistike (e përktheu nga maqedonishtja: Urim Poshka), 2018, Shkup-Prishtinë-Tiranë: Logos A, f. 384.

Anthologie der mazedonischen aufsatzistik / Auswahl, Vorwort und Anmerkungen von Ivan Dzeparoski /, Skopje: Nationale Universitätsbibliothek “St. Kliment von Ohrid”, 2016.

Антология македонского эссе /составление, предисловие и примечания Ивана Джепароского/, перевод с македонского Ольги Панькиной, Скопье: Национальная и университетская библиотека им “Св. Климента Охридского” (Антологии македонской литературы в переводе на французкий, испанский, русский, немецкий, арабский, китайский языки: (составлены на основе серии “Македонская литература в 135 томах”). Антологии македонской литературы в переводе на русский язык, 2015. – 465.

Anthologie de l’essai macedonien /choix, préface et notes de Ivan Djeparoski. Skopje: Bibliothèque nationale et universitaire “St. Clément d’Ohrid”, 2015. – 432 p. (Traduction de 135 volumes de littérature macédonienne (anthologies) en français, espagnol, russe, allemand, arabe et chinois. Traduction de 135 volumes de littérature macédonienne (anthologies) en français)

Ma qíclun san wén xuanjí / xuan wén qiányán jí fùlù Yiwàn Zhépàluófusiji; zìmaqíclùnyu fãnyì jí jiaocluì Igor Radev, Sara Cvetanovska, Cui yunhóng, Mayuán, Níuyìlín. Sikepuli: Guolìclàxué Túshuquan “Shènq Kèliméntè Àohèlidéshèng”, 2014. p. 387.

Antologia del ensayo macedonio, Selleccion, prefacio y notas Ivan Dzeparovski, Skopje: Biblioteca Nacional Universitaria “Sv. Kliment Ohridski”, 2014, p. 352.

Macedonian Essay (selection and introduction Ivan Džeparoski), Macedonian Literature in English, Vol. 106, Translation from Macedonian Vanessa King, Skopje: St. Clement of Ohrid, National and University Library – Skopje, 2011, pp. 354.

Преводи на поетски книги (на српски, англиски, романски и бугарски јазик):

Светлост Свете Горе (превео са македонског на српски Рајко Лукач), Београд: Граматик, 2018, стр. 83.

The Light of Mount Athos (Translated from the Macedonian into English by Zoran Ančevski), Struga: Struga Poetry Evenings, 2017, pp. 98.

Sedimente ale istoriei / Layers of History (bilingual poetry edition) Talmaciri din macedoneana de Dumitru M. Ion si Carolina Ilica, Bukuresti: Academia Internaţionalǎ Orient-Occident, 2012, pp. 95.

Will for Thought   (Macedonian Literature in English, Vol. 82. Translation from Macedonian Ana Mitoska), Skopje: St.Clement of Ohrid, National and University Library – Skopje, 2011, pp. 154.

Сега и тогава (съставителство, превод от македонски език Д.Христов), София-Скопје: Мултипринт-Макавеј, 2006, стр. 79. 

Филозофски и поетски преводи од англиски јазик:

Керол Ен Дафи, „Избор поезија“, Книжевно житие, бр. 32, год. VIII, 2014, стр. 76-85.

Вилијам Блејк, Избрани дела (Песни на невиноста и искуството / Венчавката на Рајот и Пеколот / Четирите Зои), Скопје: Магор, 2013, стр. 287 (заедно со Д.Михајловски и Ана Пејчинова).

Дејвид Хјум, „Мерилото на вкусот“, во: Иван Џепароски (прир.) Убавина и уметност, Скопје: Магор, 2005, стр. 163-181.

Едмунд Берк, „За возвишеното и убавото“ (извадоци), во Иван Џепароски (прир.) Убавина и уметност, Скопје: Магор, 2005, стр. 185-191.

Џорџ Сантајана, „Чувството за убавина“ (извадоци), во Иван Џепароски (прир.) Убавина и уметност, Скопје: Магор, 2005, стр. 373-382.

Гордон Греам, „Гадамер и уметноста како игра“, во: Иван Џепароски (прир.) Естетика на играта, Скопје: Култура, 2003, стр. 193-205.

Николас Негропонт, „Напорна забава“, во: Иван Џепароски (прир.) Естетика на играта, Скопје: Култура, 2003, стр. 251-255.

Шон Кабит, „Браузање и нет-сурфирање: игровно читање“, во: Иван Џепароски (прир.) Естетика на играта, Скопје: Култура, 2003, стр. 257-264.

Џејмс Џојс, Камерна музика, Скопје: Македонска книга, 1993, стр. 80.

Јосиф Бродски, Поезија(Златен венец – Струга), Скопје: Македонска книга, 1991, стр. 211. (заедно со Е.Клетников)

Ричард Брнс, „Во спомен на Јорго Сеферис“, Разгледи, 1989, бр. 5-6, стр. 457-463.

Вилијам Блејк, Песни на невиноста и на искуството, Скопје: Мисла, 1988, стр. 122.

Јосиф Бродски, Дел од говорот, Скопје: Македонска книга, 1988, стр. 90.

Пол Кроутер, „Искуството на уметноста: некои проблеми и можности на херменевтичката анализа“, Разгледи, бр. 7, 1987, стр. 716-737.

Џејмс Џол, „Антонио Грамши: Вовед“, Погледи, бр. 2, 1987, стр. 29-37.

Харолд Озборн, „Хуморот и естетиката“, Филозофска трибина, бр. 9-10, 1985, стр. 212-216.