д-р Боривое Самоловчев
Проф. д-р Боривое Самоловчев е роден на 5 мај 1923 година во Нови Бечеј, Србија. Во 1944 година завршил учителска школа во Вршац, Србија. Дипломирал 1954 година на Филозофскиот факултет во Белград, каде што и ги завршил докторските студии (1960) при што се стекнал со звањето доктор на педагошки науки. Во периодот од 1963 до 1985 година работел како професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Со својот професионален ангажман дал значаен придонес за развојот на образованието и учењето на возрасните. Во академската 1962/63 со воведувањето на предметот Андрагогија во наставниот план на групата за педагогија на Филозофскиот Факултет во Скопје проф. Самоловчев бил назначен за предметен наставник.
Проф. д-р Боривое Самоловчев е познат југословенски и светски андрагог кој за првпат почнал да пишува за потребата од социолошки, психолошки, епистемолошки и дидактички пристап кон образованието на возрасните и младите. Посебно се занимавал со образованието на возрасните и организирање на научно-истражувачка дејност од оваа област. На Филозофскиот факултет во Скопје предавал Андрагогија и Методика на воспитна работа.
Библиографија
Adult Education in Denmark, 1956.
Adult Education in Federal Republic of Germany, 1957.
General View on Adult Education in Switzerland, 1961.
Structure and Characteristics of Adult Education in Poland, 1961.
Obrazovanje odraslih u proslǒsti u danas, 1963.
Grundtvig’s FolkehOjskole, 1967.
Adult education as a function of leisure, 1971.
Recurrent Education in the rеalization of Permanent Education in Yugoslavia, 1971.
Adult Education in the United States of America, 1972.
Adult Education in Holland, 1972
Теориске основе војног васпитања и образовања, 1974.
Opšta andragogija, 1979.
Основи на андрагогијата, 1981.
Теоретските и методичките основи на воспитната работа, 1984.
Неформално образовање одраслих као едукативни покрет и теоријска појава, 1984.
Савремени токови образовања одраслих, 1987.
Istorijski koreni i tokovi andragoške teorije, 1993.
Савремени Израел и образовање, 1994.