Проф. д-р Никола Петров Миланов

Редовен професор

Проф. д-р Никола Петров Миланов е роден 1937 година во с. Колешино, Струмичко. Завршил учителска школа и педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1959), на истиот факултет во 1980 година по успешната одбрана на докторската дисертација се стекнал со звањето доктор по педагошки науки. Во 1966 година бил избран во звањето асистент на Филозофскиот факултет, а во звањето редовен професор по предметите Предучилишна педагогија и Методика на предучилишното воспитание бил избран во 1991 година.

Работниот век на проф. д-р Никола Петров ce одликувал со забележителен стручен ангажман. Бил раководител на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет, професор на Педагошкиот факултет во Скопје, декан на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, главен и одговорен уредник на списанијата „Просветно дело” и „Претшколско дете”. Бил претседател на Советот за грижи и воспитување на децата на Македонија. Бил автор на неколку стратегии за развојот на образованието во РМ.

Се занимавал со предучилишна педагогија. За неговата плодна работа сведочат голем број трудови, посебно од областа на предучилишното воспитание.



Библиографија

  • Методика по развој и култура на говорот со практикум, 1996 (коавтор)
  • Креативноста и воспитувањето, 1995 (коавтор)
  • Детето во природата и околината, 1986 и др.