Проф. д-р Ристо Кантарџиев (1917-2001)

Редовен професор

Ристо Кантарџиев е роден во 1917 год. во Струмица. Завршил учителска школа во 1938 год., а во 1949 год. студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1960 год. Бил учител во повеќе места во Гевгелиско. Од 1950 год. до пензионирањето во 1983 год. работел на Филозофскиот факултет во Скопје (редовен професор од 1972 год.), каде што изведувал настава по предметите: Општа историја на педагогијата и Национална историја на педагогијата.

Проф. д-р Кантарџиев бил декан на Филозофскиот Факултет во Скопје (1973-1975), шеф на Катедрата за педагогија (1967-1979), главен и одговорен уредник на списанието ,,Просветно дело” (1951-1977).

Неговата научно-истражувачка дејност се однесува, главно, на историскиот развој на школството и просветата во Македонија, особено во XIX век, во периодот на Преродбата.



Библиографија

  • Кантарџиев, Р. (2002). Историја на образованието и просветата во Македонија. Скопје: Просветно дело;
  • Кантарџиев, Р. (1965). Македонското преродбенско училиште.  Скопје: Култура (второ, доп. изд. 1985).