д-р Ѓорѓи Димитров Делчев
Професор д–р Ѓорѓи Димитров Делчев, е роден на 24 јануари 1927 година во селото Давидово, Гевгелиско. Во 1948 година започнал да работи како учител во селото Долен, областа Неврокопско, а со тоа станал дел од првата генерација на учители во Пиринска Македонија. Во 1952 година завршил учителска школа и Филозофски факултет во Скопје. Работел како професор во Учителската школа, а од 1966 година како асистент и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1974 година докторирал на Унивсрзитетот во Бордо, Франција.
Бил раководител на Групата за педагогија и на Групата за општонародна одбрана на Филозофскиот факултет во Скопје.
Професорот Ѓорѓи Делчев се занимавал со проучување и примена на техниките и методите за почетното описменување. Долгогодишното искуство од работа со деца и нивно описменување вродило со голем број на букварски изданија за деца, но и за возрасни. Постојаниот стремеж за напредок несомнено ја оправдува и професорската улога која ја имал на Филозофскиот факултет во Скопје, кадешто ја изведувал наставата по методиките на одделенската настава. Неговата долгогодишна и плодна работа од оваа област придонела да напише голем број трудови од областа на методиките на одделенската настава, како и со неколку прирачници и учебници. Покрај библиографското богатство, зад себе оставил и стручен кадар кој денес е од непроценлива вредност за педагогијата и младите педагози, а воопшто и за Филозофскиот факултет.
– ЗПО за трето и четврто одделение, 1998.
– Буквар за возрасни, 1979.
– ЗПО за возрасни, 1979.
– Читам и пишувам латиница, 1975.
– Буквар од 1973 до 2005 (36 изданија).
– Буквар, 1973 (20 изданија).