д-р Ана Димишковска

Редовен професор

Проф. д–р Ана Димишковска е родена 1971 година во Скопје. Дипломирала (1993) и магистрирала (1999) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во април 1995 година се вработила на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за филозофија. Докторската дисертација на тема „Логичките аспекти на правното расудување” ја одбранила во јануари 2006 година на Филозофскиот факултет, со што се стекнала со звањето доктор на науки од научната област филозофија. Во октомври истата година е избрана во звањето доцент. Во јуни 2011 годинa е избрана во звањето вонреден професор, а во мај 2016 година во звањето редовен професор на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Со свои предавања, стручни излагања и други активности учествувала на многубројни конгреси, семинари, симпозиуми и летни универзитети во земјата и во странство (Франција, Обединетото Кралство, Швајцарија, Холандија, Италија, Португалија, Чешка, Романија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Кина). Член е на Советот на европската интеруниверзитетска мрежа OFFRES (L’Organisation Francophone pour la Formation et la Recherche Européennes en Sciences humaines) – Франкофонска организација за европско образование и истражување во хуманистичките науки, со седиште на Универзитетот Шарл де Гол – Лил 3, а од 2001 до 2015 година ја вршела функцијата координатор на активностите за Македонија на оваа мрежа. Од 2013 година е член на Academic Advisory Board на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа – CAS SEE, со седиште на Универзитетот во Ријека, Хрватска. Од 2011 година е потпретседател на Филозофското друштво на Македонија и член на Извршниот одбор на Друштвото. Во 2017 година го добива одликувањето Витез од редот на академските палми, што го доделува Владата на Република Франција за посебни заслуги во областа на образованието и културата.

Активно се служи со францускиот и со англискиот јазик; се занимава со преведување на филозофски дела од француски и од англиски на македонски јазик; пишува и објавува поезија и проза.

Истражувачки интереси – Историја на логиката, филозофија на јазикот, теорија на аргументацијата, правно расудување.

Проф. д–р Ана Димишковска изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ФИ101З/18] Метoдологија на научноистражувачката работа (заедно со проф. д-р Дејан Донев)

  • 2

    [ФИ105З/18] Современи логички теории

  • 3

    [ФИ217И/18] Теории на аргументацијата

  • 4

    [ИС212/18] Методологија на општествените и хуманистичките науки (заедно со проф. д-р Наташа Ангеловска Галевска)

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ФЗФ4] Методологија на научноистражувачката работа со примена и примери во подрачјето на хуманистичките науки (заедно со проф. д-р Владимир Давчев)

  • 2

    [ФЗФ13] Создавање на научно дело (заедно со проф. д-р Владимир Давчев)

  • 3

    [ФИФ12] Филозофија на логиката


Селeктирана библиографија:

Книги:

1. Основи на некласичните логики. Скопје: Аз-Буки, 2013 (универзитетски учебник).

2. Логиката на правното расудување–дијалошка перспектива. Скопје: Аз-Буки, 2011.

3. Прагматиката и теоријата на аргументацијата.  Скопје: Ѓурѓа, 2001.

Статии во списанија, зборници и поглавја од книги:

“Legal Argumentation on Trial: Dissenting Judicial Opinions in Cases Related to Racial Discrimination”. Xenophobia, Identity and New Forms of Nationalism. Eds. Vladimir Milisavljević and Natalija Mićunović. Belgrade: Institute of Social Sciences, 2019, 152-175.

“Grounding the Normativity of Law: The Role of Transcendental Argumentation in Kelsen’s Critique of Natural Law Theory“. Hans Kelsen and the Natural Law Tradition.  Еds. Peter Langford, Ian Bryan and John McGarry.  Leiden/Boston: Brill, 2019, 253-286.

„Линијарот од Лезбос: Аристотел за односот на праведноста и правичноста“. Systasis Special Edition 4 (2018): 239-260.

„Во канцеларијата на Доктор Хаус: Лекции по абдуктивно расудување“/”In the Office of Doctor House: Lessons in Abductive Reasoning“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 71 (2018): 13-43.

“Deontic Logic and Legal Rules”. Springer Encyclopedia of Philosophy of Law and Social Philosophy. Eds. M. Sellers, E. Kriste. Dordrecht: Springer, 2017: 1-7 (first online  06 June 2017). 

„Мистериозната рака на (не)правдата: тенката линија помеѓу злосторството и казната во романот ‘And then there were none’ од Агата Кристи“/“The mysterious hand of (in)justice: the thin line between crime and punishment in the novel ‘And then there were none’ by Agatha Christie“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 7 (2017): 13-31.

„Времето, нужноста и можноста: Има ли место за chronos и kairos во Ајнштајновите сништа?“. Chronos и Kairos–античките концепти за времето: Зборник текстови. Уред. Ана Димишковска и Даниела Тошева. Скопје: Филозофско друштво на Македонија и Здружение на класични филолози Антика, 2017, 101-114.

„За логичкиот хиломорфизам и за односот на формалната и неформалната логика“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет–Скопје 69 (2016): 9–21.

 “Pravo, logika i dijalog: o logičkim i argumentacijskim aspektima pravnog rasuđivanja”. Savremeni problemi pravne i političke filozofije. Ured. Damir Banović i Bojan Spaić. Sarajevo/Zageb: Šahinpašić, 2016, 97-119.

„Вистината, нужноста и времето: за Аристотеловото решение на проблемот на исказите за контингентните настани во иднината“, Systasis 27 (2015): 1-13.

 “Between Law and (In)Justice: Strategic Manoeuvring with A Simili and A Contrario Arguments in Judicial Reasoning”. Courts, Interpretation, the Rule of Law. Eds. Miodrag Jovanović and Kenneth Einar Himma, The Hague: Eleven Publications, 2014, 181-206.

„Законот на двојната френетичност: Бергсон и Расел за мистичното и за рационалното“. Филозофијата на крстопат: аналитичка и/или континентална филозофија: Зборник текстови. Уред. Јасмина Наумоска и Марија Тодоровска. Скопје: Филозофски факултет, 2013, 90-108.

„Планетата без смеа: За хуморот и за можните светови“. Сите лица на смешното–од антиката до денес: Зборник текстови. Уред. Весна Томовска и Владимир Мартиновски. Скопје: Друштво за компаративна книжевност на Македонија и Здружение на класични филолози Антика, 2013, 75-86.

“The Sokal Affair and Beyond: On the Strategic Use of Parody in the ‘Science Wars’”. What do we know about the world? Rhetorical and argumentative perspectives. Eds. Gabrijela Kišiček and Igor Žagar, Windsor: Univerity of Windsor, Windsor Studies in Argumentation 2013, 47-62.

“(Dia)logical Reconstruction of Legal Justification: A Case Analysis”. Revus–European Constitutionality Review (Journal for Constitutional Theory and Philosophy of Law), 19 (2013): 155-178.

„Τὰ λεγόμενα или τὰ ὄντα? За предметот на класификацијата во Аристотеловите Категории“ Systasis  18 (2011): 1-11.

„Основите на релевантната логика“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 64 (2011), стр. 1-18.

„Херкул пред Рашомон или за вистината во правниот дискурс“. Филозофија 30 (2011): 95-111.

 “Les fictions jurisprudentielles et le raisonnement defaisable en droit“. Normes et fictions. Eds. Shahid Rahman and Juliele Maria Sievers. London: College Publications, 2011, 95-122.

“Truth and nothing but the truth? The argumentative use of fictions in legal reasoning“. Proceedings of the Seventh International Conference of the Society for the Study of Argumentation. Eds. Frans H. van Eemeren, Bart GarssenDavid Godden & Gordon Mitchell. Amsterdam: Rozenberg/Sic Sat, 2011, 366-378.

“The logical structure of legal justification: dialogue or trialogue?“. Approaches to Legal Rationality. Eds. Dov M. Gabbay, Patrice Canivez, Shahid Rahman and Alexandre Thiercelin, Dordrecht/Heidelberg/London/New York: Springer, 2010, 265 – 280.

“Russell, Bergson, logique et mystique: schisme ou intégration?“. Vers les deux sources de la morale et de la religion, Eds. Vladimir Gradev & Kristian Bankov. Нов Български Университет, 2010 (CD-ROM).

„Логичката вистина, логичкото следство и некласичните логики“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје  62,  (2009): 1-18. 

„Субверзијата во аргументативниот дискурс и стратегии за справување со неа“. Филозофија 26 (2009): 93–111. 

„Како да се побие софистот: Аристотеловото и современото сфаќање за логичките грешки“. Филозофски факултет–Скопје–Институт за класични студии, 2009, 155–164.

“L’elargissement de l’Europe et la (re)construction de l’identité européenne”. L’Europe élargie et ses défis.  Еd. Mileva Gjurovska. Universié “Saints Cyril et Méthode”, Faculté de Philosophie–Skopje et Centre d’études sur le développement international et les mouvements économiques et sociaux (CEDIMES), Paris, 2009, 276–281.

„За точноста на имињата–натурализмот наспроти конвенционализмот во Платоновиот Кратил“ (прв и втор дел),  Systasis 11 (2007): 1-6  и 12 (2007):1-7.

„Логичкиот статус на правното расудување: постои ли специфичнa “правна логика”?“  Годишен зборник на Филозофскиот факултет–Скопје 60 (2007): 1-16.

„Логиката, аргументацијата и јазикот: помеѓу аналитиката и дијалектиката“. Филологические заметки/Филолошки студии/Filološke pripombe 4/1 (2006): 103 -119.

„Делез и Лајбниц: во диплите на барокната мисла“/„Deleuze et Leibniz: dans les plis de la pensée baroque“. Идентитети – списание за политика, род и култура  5/1 (2006): 261–282.

„За интерпретациите на Аристотеловото сфаќање на поимот  ‘топос’ во современата теорија на аргументацијата“Systasis 6 (2005): 1-4.

“’Полиглотска’ философия. Езикът и неговият двойник“. Около Жак Дерида, – чудовищният дискурс. Под научното раководство на Ивайло Знеполски).  София: Дом на науките за човека и обществото, 2002, 355–369.

„Некои аспекти на деонтичката логика на Георг Хенрик фон Рихт“. Филозофија 4 (2002): 67–82.

„Аксиоматика: архитектоника на умот“.  Корени и ризоми. Уред. Бојан Иванов и Бранислав Саркањац. Скопје: Центар за современи уметности, 2001, 27–40.

“The agonistic dimension of reasoning: The other as advocatus diaboli”. The Image of the Other – The Perception and the Representation of the Others.  Skopje: Foundation Open Society Institute Macedonia, 1999, 129 – 134.

„Кондијаковата теорија за јазикот“.  Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 51 (1998): 45–58.

„Демонот и статуата: Декарт и Кондијак“. Филозофска трибина  11 (1996): 127–139.

“La mémoire collective et l’avenir de l’Europe (quelques thèses préliminaires)”. La nouvelle alternative (revue pour les libertés démocratiques en Europe de l’Est) 35 (1994): 50 – 51.

„Подмолниот татнеж на Стерната“. Млада Македонија. Скопје: Метафорум, 1993, 69-80.

Прикази, предговори и поговори:

„Зборот како слика на душата“ (приказ на делото на Деметриј, За јазичниот израз, Три, Скопје, 2016) (превод, белешки, коментари и речник Весна Томовска), Systasis 31  (2017): 34-36.

„Нишката на Аријадна и лавиринтот на Колтес“ (предговор кон книгата Драматургијата на децентрирањето: Бернар-Мари Колтес, патување кон рабовите од Деспина Ангеловска). Скопје: Aз-Буки, 2010, i-vii.

„Градот и крвта: кон романот „Столот на Елијах“ од Игор Штикс, Или-или, Скопје, 2007“/„Quteti dhe gjaku: per romanin „Столот на Елијах“ nga Igor Shtiks-i, Или-или, Скопје, 2007“. Идентитети – списание за политика, род и култура, 6/2-3 (Лето 2007/Зима 2008): 367 – 380.

„За мајсторството на научниот занает“ (приказ на книгата на Виолета Панзова,  Науката како занает, Филозофски факултет, Скопје, 2003), Културен живот 1-2 (2004): 96–98.

„Филозофски живопис“ (приказ на книгата на Вера Георгиева–Петковска Византиска филозофија, Табернакул, Скопје, 2001), Културен живот 1 (2002): 66–68.

„Во пајажината на разговорот/Në pezhishkën e bisedës“  (кон делото на Гоце Смилевски „Разговор со Спиноза“)“. Идентитети – списание за политика, род и култура 2/1 (2003):157–163.

„Паскал или ужасот од празнината“ (поговор кон книгата Мисли од Блез Паскал). Скопје: Култура, 1996, 439 – 458.

„Јазикот: логичко истражување“ (приказ на делото на Виолета Панзова Универзалната граматика и македонскиот јазик, Скопје: Епоха, 1996), Филозофска трибина 13 (1997): 121–138.

Збирки поезија и проза

Пресадување на ружата. Скопје: Табернакул, 2017

Приватна збирка. Скопје: Табернакул, 2015.

Соцветија. Темплум, 1994.

Преводи на филозофски дела од француски на македонски јазик:

Кристева, Јулија. Неверојатната потреба да веруваме. Скопје: Пунктум, 2011. (Превод на делото Cet incroyable besoin de croire de Julia Kristeva).

Бергсон, Анри. Материја и меморија. Скопје: Аз-Буки, 2007 (Превод на делото Matière et mémoire de Henri Bergson).

Бурдје, Пјер. Противогнови; За телевизијата. Скопје: Темплум, 2006. (Превод на делото Contre-feux et Sur la télévision de Pierre Bourdieu).

Декарт, Рене. Страстите на душата. Скопје: Магор, 2004. (Превод на делото Les passions de l’âme de René Descartes).

Лајбниц, Готфрид Вилхелм. Расправа за метафизиката и Монадологија. Скопје: Магор, 2002. (Превод на делата Discours de la métaphysique et Monadologie de G. W. Leibniz).

Дерида, Жак. Другиот правец. Скопје: Темплум, 2001. (Превод на делото  L’autre cap de Jacques Derrida).

Декарт, Рене. Метафизички медитации. Скопје: Зумпрес, 1996. (Превод на делото Meditations Metaphysiques de René Descartes)

Лиотар, Жан-Франсоа. Постмодерна за деца. Скопје: Темплум, 1995. (Превод на делото Le postmoderne expliqué aux enfants de Jean Francois Lyotard).

Публикации со коавтори/коуредници:

Филозофијата во образованието: теориска и практична надградба на предметните програми од филозофскиот корпус предмети (Филозофија, Логика, Етика, Естетика) за средно образование – студија. Скопје: Филозофски факултет, 2019 (автор на дел од студија изработена во коавторствo со Дејан Донев, Јасмина Поповска, Марија Тодоровска и Иван Џепароски).

Chronos и Kairos–античките концепти за времето: Зборник текстови. Скопје: Филозофско друштво на Македонија и Здружение на класични филолози Антика, 2017 (коуредник, заедно со Даниела Тошева).