д-р Јасмина Поповска

Вонреден професор

Проф. д–р Јасмина Поповска (р. Наумоска) е родена 1985 година во Скопје. Дипломирала (2008) и магистрирала (2010, тема: „Проблемот на познанието во стоичката и епикурејската филозофија“) на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во јули 2012 година се вработила на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за филозофија. Докторската дисертација на тема „Проблеми во толкувањето на Платоновата филозофија” ја одбранила во мај 2013 година на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со што се стекнала со звањето доктор на науки по филозофски науки. Во звање доцент (области: Историја на филозофијата, Филозофска антропологија, Филозофија – општ курс) била избрана во јули 2013 година, а во звање вонреден професор (области: Историја на филозофијата и Филозофија – општ курс) во септември 2018 година.

Добитник е на JFDP – Стипедијата на Бирото за образование и култура на Стејт Департментот на САД, реализирана на Florida State University, Department of Philosophy, јануари 2012 – мај 2012.

Била генерален секретар на Филозофското друштво на Македонија од 2011 до 2013, а оттогаш досега е Член на извршениот одбор на Друштвото. Уредник е на списанието Филозофија/Filozofija – A Journal of Philosophical Inquiry, а од2016-2020 година била Главен и одговорен уредник на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет – Скопје.

Била генерален секретар на Филозофското друштво на Македонија од 2011 до 2013, а оттогаш досега е Член на извршениот одбор на Друштвото. Уредник е на списанието Филозофија/Filozofija – A Journal of Philosophical Inquiry, а од 2016-2020 година била Главен и одговорен уредник на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет – Скопје.

Истражувачки интереси – историја на античката, средновековната (западно-европската и византиската) и ренесансната филозофија; методологија на историјата на филозофијата. Го зборува англискиот јазик, со францускиот јазик се служи пасивно, а има основни познавања од старогрчкиот и од латинскиот јазик. Коосновач е на Филозофскиот филмски фестивал.

Проф. д–р Јасмина Поповска изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ФИ1033/19] Платон и Аристотел

  • 2

    [ФИ205И/19] Филозофија на исихазмот

  • 3

    [КФ253И] Историја на византиската философија

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ФИФ3] Логос и космос во античката филозофија

  • 2

    [ФИФ4] Филозофија на личноста во Византија



Библиографија

Поповска, Јасмина. „Vita practica: φρόνησις и св. Максим Исповедник./ Vita practica: φρόνησις and St. Maximus the Confessor.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 72 (2019): 29-51.

Поповска, Јасмина. „Критиката на методот: Вико и φρόνησις.“ Филозофска трибина 42, 25 (2019) : 5-18.

Донев, Дејан, Јасмина Поповска, Марија Тодоровска, Иван Џепароски, Ана Димишковска. Филозофијата во образованието: Теориска и практична надградба на предметните програми од филозофскиот корпус предмети (Филозофија, Логика, Етика и Естетика) за средно образование (студија). Скопје: Филозофски факултет – Скопје, 2019.

Донев, Дејан, Јасмина Поповска, Марија Тодоровска, Иван Џепароски, Ана Димишковска.  „Предметни програми за филозофскиот корпус предмети (филозофија, логика, етика и естетика) во средното образование во Р. Македонија.“ Филозофска трибина 42/25 (2019) : 163-186.

Поповска, Јасмина. „Φρόνησις и медицинската етика.“ Зборник од Втората меѓународна интердициплинарна конференција „Биоетиката – знак на новата доба“. Скопје: Филозофски факултет – Скопје, 2019, 93-104.

Поповска, Јасмина. „Аристотеловиот концепт φρόνησις и етичкото образование и воспитание./Aristotle’s concept φρόνησις and Moral Education.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 71 (2018) : 55-76.

Поповска, Јасмина. „Поимот φρόνησις во контекст на Аристотеловата етика.“ Systasis Special Edition 4 (2018) : 261-276.

Поповска, Јасмина. [Приказ на Ана Димишковска, Даниела Тошева (прир.). Chronos и kairos – античките концепти за времето – Зборник на трудови. Скопје: Филозофско друштво на Македонија, Здружение на класични филолози „Антика“, 2017, стр. 187]. Филозофска трибина 41, 22-23 (2018) : 211-227.

Поповска, Јасмина. „Афектите и разумот: современи аспекти на терапевтската улога на стоичката етика./Passions and Reason: Contemporary Aspects of the Therapeutic Function of Stoic Ethics.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 70 (2017): 33-53.

Поповска, Јасмина. „Од доблеста кон знаењето: етичко-познавателни истражувања во Платоновиот ’Менон’“ предговор во Платон. Менон. Прев. Валериј Софрониевски, Скопје: Три, 2017, i-xiii.

Поповска, Јасмина. „YLE – општи филозофски контексти.“ Филозофска трибина (2017): 163-172.

Поповска, Јасмина. „Местото на историјата на филозофијата во аналитичко-континенталната расправа.“ Osmi međunarodni interdisciplinarni simpozijum “Susret kultura” (Zbornik radova), Нови Сад: Филозофски факултет Универзитет у Новом Саду, 2016, 573-585.

Наумоска, Јасмина. „Доброто, убавото и вистината во Платоновата филозофија.“ Зборник на трудови од научната конференција „Античкиот идеал на kalokagahtia. Скопје: Филозофски факултет – Скопје, 2016, 79-89.

Naumoska, Jasmina. “Suvremeni metodološki izazovi u tumačenju predsokratovske filozofije.”Filozofska istraživanja 36, 1 (2016) : 5-14.

Наумоска, Јасмина. „Љубовта и омразата како космолошки принципи во филозофијата на Емпедокле.“ Зборник на трудови од меѓународна научна конференција „За љубовта“. Здружение за компаративна книжевност на Македонија (ЗККМ), Здружение на класични филолози „Антика“, 2016, 269-281.

Наумоска, Јасмина. „Платоновите дијалози – применета херменевтика.“ Зборник текстови  од меѓународната конференција „2400 години од основањето на Платоновата Академија“. Филозофски факултет – Скопје, 2016, 289-303.

Наумоска, Јасмина. „Платон и Дерида – Pharmakon и Khôra како différance.“ Book of Proceedings – The First International Interdisciplinary Conference for Young Scholars in Social Sciences and Humanities – CONTEXTS. Нови Сад: Филозофски факултет Универзитет у Новом Саду, 2014, 1035-1045. 

Наумоска, Јасмина. „Феминистичко неканонско препрочитување на Платоновата филозофија.“  Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 66 (2013) : 9-22.

Наумоска, Јасмина. „Континентален и аналитички Платон – изгубени во интерпретацијата.“ Филозофијата на крстопат: аналитичка и/или континентална филозофија (Зборник на текстови), Скопје: Филозофски факултет – Скопје, 2013, 64-74.

Наумоска, Јасмина. „Античките корени на Хјумовиот скептицизам.“ Филозофија 34 (2013) : 37-44.

Наумоска, Јасмина. [Приказ на Kevin Corrigan, John D. Turner, Peter Wakefiel (eds.). Religion and Philosophy in the Platonic and Neoplatonic Traditions: From Antiquity to the Early Medieval Period. Sankt Augustin: Academia Verlag, 2012, pp. 368]. Жива Антика 63 (2012) : 142-149.

Наумоска, Јасмина. „Природата на ‘πρόληψις’ во Епикурејската гносеологија.“ Systasis 19 (2011)

Наумоска, Јасмина. „Неколку парадигми во толкувањето на Платоновата филозофија.“ Годишен зборник на Филозофскиот факултет – Скопје 64 (2011) : 21-34.

Наумоска, Јасмина. „Шопенхауер и Платон.“ Филозофија 30 (2011) : 27-36.

Наумоска, Јасмина. „Критериумот на вистината во стоичката филозофија.“ Жива антика 60, 1-2 (2010): 109-124.

Наумоска, Јасмина. „Филозофија на ангажираната свест – Морис Мерло-Понти.“ Филозофија 28 (2010) : 137-56.