Светот во Новиот век 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаIII3+18

Наставник: проф. д-р Никола Минов

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за политичките, општествено- економските и културните процеси и појави во Светот од 1648 до 1815 година

Содржина на предметната програма:

Европа по Триесетгодишната војна – падот на старите и издигнувањето на нови Големи сили; Граѓанските војни во Англија и Сјајната револуција – триумф на парламентаризмот; Луј XIV и зенитот на апсолутизмот; Подемот на Русија – од Петар I Велики до Катерина II Велика; Ерата на Просветителството; Првата индустриска револуција – од меркантилизам кон капитализам; Грегоријанска Британија; Војната за независност на САД и градење на американската нација; Просветен апсолутизам – Хабсбуршката монархија и Прусија; Француската револуција; Франција на крстопат – победата и поразот на Републиката; Војните на Наполеон Бонапарта; Наполеонова Европа – империјализам и национализам

Литература:

1. Will and Ariel Durant The Age of Louis XIV

2. М.С. Андерсон Европа у осамнаестом веку 1713-1789

3. Чедомир Попов Грађанска Европа (1770-1914) Основи европске историја ΧΙΧ века (1770-1815)

4. Филип Џенкинс Историја на Соединетите американски држави, 4. издание (pp. 1-83)

5. Will and Ariel Durant Rousseau and Revolution

6. Френклин Л. Форд Европа у доба револуција 1780-1830 (pp. 5-299)