Историја на Средновековна Македонија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаIII3+18

Наставник: проф. д-р Александар Атанасовски

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења за историските процеси и политичките настани во Македонија во средниот век, да знаат да ги анализираат и користат изворите.

Содржина на предметната програма:

Македонија на преминот од антиката во средниот век; Големата преселба на народите; словенската доминација; византиско и бугарско господство; Создавање и развој на Самуиловата држава; византиско господство во 11 и 12 век и отпорот против него, нормански, српски, крстоносни и печенешко-кумански навлегувања; Самостојни феудални владетели во 12 и 13 век; латинско, бугарско и никејско владеење, византиска реокупација;српските завладувања во 13 и 14 век; феудални владетели и држави во Македонија во 14 век и борбата за опстанок; Османлиското завладување.

Литература:

1. Стјепан Антолјак Средновековна Македонија. Т. 1

2. Бранко Панов Средновековна Македонија. Т. 2 и 3

3. Александар Атанасовски Македонија во XIV век

4. Коста Аџиевски Пелагонија во средниот век

5. Група автори Историја на Македонија. Т.1

6. Група автори Востанијата во Македон ија