Психологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаIII3+18

Наставник: Проф.д-р Орхидеја Шурбановска

Цели на предметната програма:

Цели на предметната програма (компетенции): студентите да стекнат знаења од областа на психологијата кои ќе им помогнат поуспешно да ги разберат содржините од другите предмети кои обработуваат психолошки аспекти предвидени со студиската програма.

Содржина на предметната програма:

Вовед во психологијата: Предмет, развој и методи на психологијата. Органски основи на психичкиот живот. Развој на психичкиот живот-филогенетски и онтогенетски. Психички процеси: осети, перцепции, учење, помнење и заборавање, мислење и говор, емоции , мотивација. Личност: Структура (способности, темперамент, карактер), Динамика и развој на личноста (биолошки и социјални фактори за развој на личноста). Типови и типологии на личност. Теории за личноста.

Литература:

1. Рот,Н. Општа психологија

2. Арнаудова,В. Психологија. Скрипта за интерна употреба

3. Petz,B. Uvod u psihologiju- psihologija za nepsihologe