Прв академски час

  • Date: Thursday, Oct 1, 2020
  • Time: 12:00 AM - 14:00 PM
  • Location: Филозофски факултет
Featured Image

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“,Скопје
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I (ПРВА) ГОДИНА НА
ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ
ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Се известуваат студентите запишани во I (прва) година во учебната 2020/2021 година дека учебната година ќе започне на 1 Октомври 2020 година (четврток) со официјален прием во 12:30 часот на платото пред Филозофскиот факултет. Заради соодветно спроведување на превентивните здравствени протоколи, замолуваме да пристигнете 15 минути пред почетокот на настанот.

Агенда за приемот и првиот академски час:

12:30 100 години Филозофски факултет и јубилејна генерација 2020/21

проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот Факултет

12:40 Поздравно обраќање

проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

12:50 Поздравно обраќање

Мила Царовска, Министерка за образование и наука

13:00 Доделување членски карти за Универзитетската библиотека

Фримзим Даути, Директор НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје

13:05 Наставата во академската година 2020/21 година

проф. д-р Оливер Бакрески, продекан за настава

13:10 Е-ресурсите за студирање и програмите за мобилност во академската 2020/21 година

проф. д-р Маја Геровска Митев, продекан за наука и меѓународна соработка

13:15 Студентските активности и здруженија на Филозофскиот факултет

Димитар Коруновски, Претседател на Факултетското студентско собрание

13:20 Доделување индекси на присутните студенти од страна на Раководителите

на институтите при Филозофскиот факултет

Студентите кои нема да можат лично да присуствуваат на приемот и првиот академски час ќе можат да ја следат свечената церемонија преку платформата ЗУМ, како и факултетските социјални медиуми. Подигнувањето на индексите и другите пропратни материјали ќе може да го направат од 2.10.2020 година, кај координаторите на Институтите.

23.IX 2020 година ДЕКАНАТ НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ