Меѓународна конференција „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“

  • Date: Wednesday, Sep 2, 2020
  • Time: 8:00 AM - 5:00 PM
  • Location: Струга
6000ден/100eu
Featured Image

По повод јубилејот 100 години од основањето, Филозофскиот факултет во Скопје организира

Меѓународна конференција

„Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“

2-5 Септември 2020, Струга

Меѓусебните релации на науката и општеството се неоспорни. Промените во општеството се раководени од сознанијата во науката, но истовремено низа на општествени предизвици стојат неодговорени од науката. Поаѓајќи од тврдењето дека производството и улогата на знаењето треба да биде разбрано како взаемност меѓу општеството, културата и науката, оваа конференција стреми да придонесе кон афирмирање на новите сознанија за таквиот спој. Потпирајќи се на интердисциплинарниот пристап, конференцијата ќе понуди сеопфатен третман на низа општествени прашања и дилеми низ призмата на научните дисциплини: филозофија, историја, социологија, педагогија, класични студии, историја на уметност и археологија, психологија, социјална работа и социјална политика, специјална едукација и рехабилитација, безбедносно-одбранбени и мировни студии, родови како и семејни студии. Низ призмата на овие научни дисциплини, генералните теми кои ќе бидат предмет и фокус на оваа конференција вклучуваат:

  • Филозофијата и одговорот на новите општествени предизвици
  • Историскиот дискурс и општествените промени
  • Педагогијата еден век подоцна
  • Социологијата и вредносните предизвици на современите општества
  • Класичната филологија и современите образовни и научни предизвици
  • Од антиката до постмодерната: археологија, историја на уметноста, заштита на културното наследство
  • Психолошките перспективи во однос на актуелните општествени проблеми
  • Пресретнување на новите општествени ризици преку социјалната работа и социјалната политика
  • Специјалната едукација и рехабилитација и инклузивното општество
  • Науката за безбедноста, одбраната и мирот во општеството
  • Родот и општествените конструкции
  • Новите семејни структури и општествената реалност

Покрај овие тематски целини, конференцијата ќе се осврне и на трансверзални теми, како: идентитет, етницитет, миграции, социјална вклученост, демографско стареење, родови прашања, етика и иновации.

На конференцијата ќе бидат прифатени научни трудови кои се теоретски ангажирани и методолошки ригорозни, вклучувајќи квалитативни, квантитативни и компаративно-историски методологии.

Работен јазик на конференцијата ќе биде англискиот јазик.

Важни рокови:
Доставување резиме/апстракт на трудот: 1 Март 2020
Информација за прифатен апстракт: 30 Март 2020
Доставување конечна верзија на трудот: 15 Јуни 2020

Инструкции за поднесување резиме/апстракт:

  • Презиме и име на авторот (и коавторот)
  • Институционална припадност: оддел/институција, држава
  • Наслов на резимето – максимум 150 карактери
  • Должина на резимето (без користена литература/референци): минимум 3000 карактери, максимум 4000 карактери (со проред)
  • Резимето треба да биде доставено на англиски јазик.

Резимето испратете го во ворд или пдф документ, на следната емаил адреса: fzf100@fzf.ukim.edu.mk

Важни информации:
Котизација за учество на конференцијата: 6000 денари/100 евра. Котизацијата ги покрива трошоците за конференциските материјали и официјалната конференциска вечера. Учесниците се должни самостојно да ги покријат трошоците за транспорт и сместување за време на конференцијата
Котизација за докторанди: Студентите на докторски студии плаќаат намален износ на котизацијата од 3000 денари/50 евра, доколку котизацијата се уплати најдоцна до 1 Јуни 2020.
Место на одржување: Конференцијата ќе се одржи во Хотелот Дрим, Стругa – http://drim.com.mk
Времетраење на конференцијата: Конференцијата ќе започне на 2 Септември 2020 во попладневните часови. Конференцијата ќе заврши на 5 Септември 2020 во претпладневните часови.

За сите дополнителни прашања, како и за доставување на резимињата/трудовите, обратете се на официјалната конференциска електронска адреса: fzf100@fzf.ukim.edu.mk

Струга