6. Меѓународна научна конференција „30 години студии по специјaлна едукација и рехабилитација

Почитувани,

Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје ја организира 6. Меѓународна научна конференција „30 години студии по специјaлна едукација и рехабилитација“. Конференцијата ќе се одржи во Охрид, Република С. Македонија во периодот од 14 до 16 септември 2023 година. 

Во прилог се наоѓа формуларот за пријавување на учество на Конференцијата и документ со предвидените рокови за доставување на апстрактите и информации за уплатата на котизација.

Доколку имате потреба од дополнителни информации, можете да се обратите на: 30godiniser@fzf.ukim.edu.mk

Со почит,

Организациски одбор

Котизација и значајни датуми

Формулар за пријавување учество