Почитувани студенти на Филозофскиот факултет,
Ве информираме дека, во рамки на спроведувањето на изборите за претседател на Факултетското студентско собрание (ФСС), кои ќе се одржат на 13 ноември 2025 година (четврток), започнува постапката за пријавување на кандидати.
Кандидати за претседател на ФСС
Пријавувањето се врши преку архивата на Факултетот со поднесување пријава до Изборната комисија најдоцна до 10.11.2025 година (понеделник) до 15:00 часот.
Кон пријавата задолжително се приложува:
- Програма за работа, и
- Потврда дека сте студент на факултетот, издадена од Одделението за студентски прашања.
Кандидати за членови на ФСС
Пријавувањето трае до петок, 7.11.2025 година, до 15:00 часот, и се врши електронски – со испраќање на пријавата на е-поштата на раководителот на институтот и со копија (CC) до координаторот на студиската програма. Кандидатите треба да се активни студенти, односно да имаат запишано студии на прв, втор или трет циклус на студии.
Сите пријави поднесени по истекот на роковите нема да бидат разгледувани.
Со почит,
Изборна комисија
Одлука за избор на членови на ФСС
Одлука за избор на Претседател на ФСС
Одлука за номиниран кандидат – претседател ФСС 2025-2026
Одлука за номинирани членови на ФСС 2025-2026
Одлука за поткомисии за спроведување избори за ФСС
Одлука за измена и дополнување на одлуката за распишување избори за членови и претседател на ФСС