- 02 3116-520 локал 104
- daniela.nedelkova@fzf.ukim.edu.mk
м-р Даниела Неделкова
Даниела Неделкова е родена 1981 година во Скопје. Основно и средно училиште завршува во Скопје. Во 2005 година дипломирала на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По дипломирањето работи во повеќе сектори: менаџмент на човечки ресурси и образование (наставник/психолог во средно приватно училиште), а од март 2011 година е ангажирана (подоцна и вработена) на Филозофскиот факултет во Скопје како соработник за библиотечно работење во библиотеката при Институтот за психологија. Неколку години работела и на работното место Соработник на втор и трет циклус студии во Одделението за студентски прашања. Во период од 2011 до 2019 година е техничка секретарка на Годишниот зборник при Филозофскиот факултет во Скопје, а од 2015 година е техничка секретарка на првото меѓународно научно списание од областа на психологијата, Психологија: наука и практика. Во текот на работењето била член на повеќе Комисии формирани при факултетот.
Член и лиценциран психолог при Комората на психолози на Република Северна Македонија.
Активно го зборува англискиот јазик. Има основно познавање на норвешки јазик.
Волонтер е во Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“. Член во NRC- Nike + Running Club.
Истражувачки интереси: имплицитна меморија, регулирање на емоции како и matrescense.
Библиографија
Popovski, M., Nedelkova, D., & Leshoska. V. (2016). The Implicit and Explicit Attitudes towards Persons with Disabilities among students who are Educating for Different Professions. Antropos, 3-4 (243-244), Slovenia: Filozofska fakulteta.
Неделкова, Д. (2015). [Приказ на книга: Креативноста во контекст од Тереза М. Амабилe.] Психологија: наука и практика Vol I (2). Скопје: Филозофски факултет.
Поповски, М., и Неделкова, Д., (2013). Родови разлики во доживувањето, изразувањето и во мотивите за регулирање на емоциите кај адолесценти. Годишен зборник, 66. Скопје: Филозофски факултет.