МИС101: Вовед во теоријата на мирот и конфликтите
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Меѓународни и интеркултурни студии | I | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Лидија Георгиева
Цели на предметната програма:
Предметот има за цел да ги воведе студентите во пошироката област на проблематиката, концептите и пристапите кои се дел од студиите за мир и конфликти. Тие треба да се воверат во проблемите како војната и нејзината превенција, разрешување конфликти и ненасилство, човекови права и социјална правда, развојот и еколошките проблеми. Од студентите се очекува ра ги разбираат основните концепи и да ги поврзуваат со проблемите со кои се соочуваме во меѓународната заедница.
Содржина на предметната програма:
Вовед во студиите за мир и конфликти; Концептот на војна и мир во меѓународните односи; Разрешување конфликти и ненасилство; Човекови права и социјална правда, Развојот и еколошките проблеми.
Литература:
1. Георгиева, Л., Творење на мирот, Филозофски факултет 2009
2. Richmond, O., Peace in IR, Routledge 2005
3. Peter Wallensteen, Peace Research, Routledge 2011