ГМ706И/18: Семантика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVII2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

1. идентификување на основните поими на семантиката, основните теории за значењето и видовите значења

2. изведување на семантичка (компоненцијална) анализа на зборовите, синтагмите, речениците и текстот во македонскиот јазик

3. логично разбирање и креирање на синтагми, реченици и текст на македонски јазик

Содржина на предметната програма:

Oсновните поими на семантиката: поимот ‘значење’, теориите за значењето и видовите значења; лексичко значење: зборовите како значенски единици (форми и изрази), денотација и смисла; структурна семантика (компоненцијална анализа); значењето на реченицата: пропозиција и пропозициска содржина; значењето на исказот: текст и дискурс, субјективноста на исказот итн. Сите теми ќе се проучуваат и ќе се дискутираат преку македонски јазичен материјал.

Литература:

1. Ст. Тофоска/Е. Петроска, Основни поими на семантиката и семантичка анализа на македонскиот јазик, интерна скрипта

2. Lyons J., Linguistic Semantics, Cambridge University Press 1996

3. Hurford &Heasley, Semantics, Cambridge University Press1989

4. Prcic, Tvrtko, Semantika i pragmatika, reči Novi Sad 2008

5. Cruse, Alan “Semantics and Grammar” Meaning in Language Oxford 2004