ГФ606И/18: Француска книжевност 4

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVI2+26

Наставник:  

Цели на предметната програма:

Способност за анализа на најзначајните литературни остварувања на 18 и 19 век во контекст на особеностите на просветителството и предромантизмот како литературни движења во пресрет на раѓањето на француската модерна книжевност. Способност за иницијација во методите на читање и техниките на експликација на текст (епистоларна книжевност, филозофски расказ, предромантичарски сензибилитет). Развој на интелектуална автономија и способност за истражувачка работа.

Содржина на предметната програма:

Просветителство и предромантизам. Основни карактеристики и претставници на француското просветителство. Развиток на филозофската мисла и „владеењето на разумот“: Монтескје и епистоларната литература, Волтер и филозофскиот расказ. Епохата на енциклопедијата: Дидро и Д’ Аламбер. Предромантичарски сензибилитет и концептот за „примитивниот човек“: Жан-Жак Русо. Почетоците на доктрината на романтизмот: г-ѓа де Стал и еден поинаков концепт за женскиот јунак. Шатобријан и метафизичкиот немир на романтичарскиот јунак. Бенжамен Констан и автобиографскиот роман.

Литература:

1. Brunel, Pierre et autres, Histoire de la littérature française. Du Moyen Age au XVIIIe siècle. Tome I Paris, Bordas 1993

3. Didier Béatrice, Histoire de la literature française du XVIIIe siècle, PUR 2003

4. Charpentier Michel et Charpentier Jeanne, Littérature. Textes et documents . Coll. Henri Mittérand, Paris, Nathan 1993

5. Lagarde, A. & Michard, L., XVIIIe siècle, Paris, Bordas 1993

6. Deshusses, Pierre et autres. Dix siècles de littérature française. Du Moyen Age au XVIIIe siècle, Paris, Bordas 1984

7. Darmon J-Ch. Et Delon M., Histoire de la France littéraire. Classicismes XVIIe et XVIIIe siècle, Paris, PUF 2009