ЛМ806И/18: Прагматика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Латински јазик и античка книжевност | VIII | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Совладување на практични знаења за начините на кои го интерпретираме значењето на некој исказ. Здобивање знаења за употребата на јазичните средства во практиката. Запознавање со начините на кои се пренесува информација која не е искажана. Совладување знаења за основните поими на прагматиката.
Содржина на предметната програма:
Прагматиката како наука за врските меѓу лингвистичките форми и корисниците. Деиктички средства. Референција (упатување) и инференција (изведување заклучок). Претпоставка (пресупозиција) и логична последица. Кооперативниот принцип на конверзацијата. Перформативна хипотеза. Говорни чинови и настани. Класификација на говорните чинови. Учтивост и интеракција. Структура и анализа на конверзацијата. Дискурсот и културата.
Литература:
1. Geoffrey Leech, Principles of Pragmatics, Longman Linguistics Library, London 1989
2. George Yule, Pragmatics (Oxford Introductions to Language Studies) Oxford University Press 1996
3. Yan Huang, Pragmatics (Oxford Textbooks in Linguistics) Oxford University Press 2006
4. Stephen C., Levinson, Pragmatics (Cambridge Textbooks in Linguistics) Cambridge University Press 1983
5. J. L. Austin, How to Do Things with Words, Oxford University Press 1976