ЛМ405И/18: Старословенски јазик 2
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Латински јазик и античка книжевност | IV | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Старословенски јазик е основниот предмет на сите славистички ориентирани студии во светот, како и составен дел од словенската медиевистика. Преку содржините на овој предмет студентите се запознаваат со почетоците на писменоста кај Словените, со првите книжевnи споменици и граматичката структура на јазикот на којшто се напишани. Граматиката на старословенскиот јазик е основа за совладување на сите современи словенски јазици, како и помош за навраќање кон прасловенските и индоевропските реконструкции.
Содржина на предметната програма:
Морфологија. Именки. Основи на именките. Заменки. Палатална и непалатална промена. Придавки. Проста и сложена промена. Броеви. Прилози. Синтакса на падежните форми. Глаголи. Класификација на глаголите. Презент. Аорист. Имперфект. Именски форми на глаголите. Сложени глаголски форми. Значење и употреба на времињата. Вежби: читање, превод и морфолошка анализа на библиски текстови. Работа со речник и запознавање со лексиката.
Литература:
1. Угринова-Скаловска, Р., Старословенски јазик, УКИМ, Скопје 1997
2. Црвенковска, Е., Старословенска читанка, УКИМ, Скопје 2015
3. Вайан, А., Руководство по старославянскому языку, ИЛ, Москва 1952
4. Поленаковиќ, Х. предговор, Угринова-Скаловска, Р. Превод, Панонски легенди, Македонска книга, Скопје 1969
5. Велев, И., Макаријоска, Л., Црвенковска, Е., Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо ИМЈ, Скопје 2008
6. Илиевски, П. Хр., Појава и развој на писмото, МАНУ, Скопје 2006