СС804И/18: Методика на настава

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииVIII2+24

Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат теориски сознанија и практични вештини за успешно изведување на наставата во училиштата, како и да се обучат за успешни стручни соработници во училиштата во Република Македонија.

Содржина на предметната програма:

Определување на методиката и нејзините специфики; Определување на наставата по социологија, граѓанско образование и други дисциплини во основните и средните училишта во Р. Македонија; Начини и видови на организациони облици на наставата; Улогата на стручниот соработник во училиштето; Видовите на наставни и нагледни сретства кои се користат во наставата; Планирање и подготовка на часот; Нови методи и техники во изведување на наставата; Начин на оценување во наставата; Улогата на наставникот и стручниот соработник во превенција и сузбивање на девијациите во училиштето; Улогата на сретствата за масовна комуникација во наставата; Мас-медиумите како фактор за методичка иновација; Наставникот и ученикот во активна настава.

Литература:

1. Матевски, З., Методички аспекти на наставата по граѓанско образование, Филозофски факултет, Скопје, 1998

2. Стојаноска-Иванова, T., Фрицханд, А., Како до побезбедни училишта, Женска акција, Скопје, 2017

3. Адамчевска, С., Активна настава, Легис, Скопје 1996

4. Иванова-Стојаноска, Т., Авторизирани предавања по методика на наставата, Филозофски факултет, Скопје 2016

5. Лазаревска, С. Анѓелеска, Н., Со читање и пишување до критичко мислење, Фондација Отворено општество, Скопје, 2004

6. Lipman, M., Thinking in education, Cambridge University Press, 1991