СС707И/18: Религиското образование и семејството
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Матевски
Цели на предметната програма:
Студентите да ги осознаат главните параметри на влијанието на неконфесионалното и конфесионалното религиско образование врз интра и интер религиските односи во семејсвото. Исто така студентите да го препознаваат значењето на религиското образование во државните училишта врз имплементирање на семејните вредности во современото македонско семејство.
Содржина на предметната програма:
поим и карактеристики на религиското образование; карактеристики на конфесионалното религиско образование во христијанството и исламот; карактеристики на неконфесионалното религиско образование во државните училишта; моноконфесионално и мултиконфесионално религиско образование; карактеристики на световното религиско образование; религиското образование во Европа; Толедо принципи на религиското образование; човековите права и подучувањето за религиите; религиското образование во земјите од Западен Балкан; воведувањето на религиското образование во Р. Македонија; религиското образование и односите помеѓу мажот и жената во семејството; религиското образование и односите помеѓу родителите и децата во семејството; религиското образование и семејните вредности; религиското образование и семејството во Р. Македонија.
Литература:
1. Тимовски Владо, Образованието и религијата: соочување со веронауката, Скопје: Феникс, 2005
2. Matevski Zoran, Introducing Religious Education in R. Macedonia, Novi Sad: CEIR, 2006
3. Kuburić Zorica and Moe Cristian (ed.), Religion and Pluralism in Education: Comparative Approaches in the Western Balkans, Novi Sad: CEIR, 2006
4. OSCE/ODIHR, Toledo: vodeċa načela o podučavanju o religijama vjerovanjima u državnim školama, Varšava: OSCE 2007