СС702З/18: Семејството и родовите улоги

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииVII3+26

Наставник: д–р Сузана Симоновска

Цели на предметната програма:

Да ги упати студентите во родовите релации и улоги во семејството низ историска перспектива; да ги ја поттикнува и развива нивната свест за семејните вредности низ призмата на родовата еднаквост.

Содржина на предметната програма:

Определба на поимите: пол и род. Родови улоги и родови стереотипи. Патријархат – матријархат; Биолошките и општествено-културните гледишта за родовите улоги; Природа и култура – дали анатомијата е судбина; Поделба на улогите меѓу половите – приватно и јавно. Концептот на „половите карактери“. Брак и семејство. Облици на европското семејство во интеркултурна споредба: избор на партнер и венчавање, домување, улогата на жената и мажот, родителство (мајчинство и татковство); Тенденции на промени; Современо семејство: семејни вредности и родови улуги. Концептот на еднакво родителство и еднакво старателство.

Литература:

1. Митерауер, Михаел, Европското семејство: историско антрополошки огледи, Скопје: Слово, 2005

2. Шулц, Емили, Левенда, Роберт, Културна антропологија, Скопје: Просветно дело, 2009, 279-309

3. Gizela Bok, Žena u istoriji Evrope, Beograd: Clio, 2005

4. Papic, Ž, Sklevicky, L. (ur.), Antropologija žene, Beograd: Biblioteka XX vek, 2003

5. Lewin, Ellen (ed), Feminist Anthropology: A Reader, Wiley Blackwell, 2006