СС503З/18: Семејството и религијата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Матевски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат темелни знаења од областа на социологијата на религијата како и спецификата на влијанието на религијата како константен општествен феномен врз семејните односи. Исто така, студентите да го препознаат влијанието на религиската ситуација во Република Македонија врз современото македонско семејство.
Содржина на предметната програма:
Типологија на семејството; социјализација на личноста; облици на постоење на религијата; функции на религијата; класификација на религиите; припадност кон светските религии; типологија на релииозноста и верниците; индикатори на религиозноста; религијата и општеството; промените во христијанството и исламот низ историјата; развој на сликата за себе во семјството; развој на религискиот идентитет во семејството; религијата и бракот; религијата и жената; семејството во светите книги; религијата и семејните односи; религијата и слободата на сексуалноста; формирање на индивидуалната религиозност во семејството; детство и религиозност; адолесценција и религиозност.
Литература:
1. Kuburić Zorica, Religija, porodica i mladi, Beograd: Čigoja štampa, 2008
2. Meredith Mc Guire, Religion – The Social Context, Wadsworth group, 2008
3. Ivan Cvitković, Sociologija religije, Sarajevo: DES, 2004
4. Башким Башкими, Религијата и младите, Охрид: Коста Абраш, 2009