СС105И/18: Антропологија на семејството
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | I | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Сузана Симоновска
Цели на предметната програма:
Да ги упати студентите во основните антрополошки категории и ориентации во антрополошката теорија; да ги запознае со антрополошките согледувања на бракот и семејството низ различните култури и со варијациите што постојат во формирањето, структурата и однесувањата во семејството.
Содржина на предметната програма:
Антропологијата како наука во системот на науките; Ориентации и дисциплини во антропологијата; Медоти на антропологијата; Системи на односи: крвно сродство, брак и семејство; Бракот како општествен процес: моногамија и полигамија; различните културни правила за брак; Формирање и структура на семејството: семејни систми. Трансформации во семејството низ времето; Семејно однесување: одговорност за децата; Разводот и децата; Семејството, политиката и државата.
Литература:
1. Ацески, И., Културна антропологија, Скопје: Филозофски факултет, 2016, 285-335
2. Segalen, M., Historical Anthropology of the Family, Cambridge University Press, 1986
3. Марковска, С., Симоновска, С. (ур.), Антропологија: зборник текстови. Скопје: Догер, 1999
4. Гиденс, А., Забеган свет, Скопје: Филозофски факултет, 2003
5. Robertson, J. (ed.), Same-Sex Cultures and Sexualities: An Anthropological Reader, Blackwell Publishing, 2005