Р705И/18: Родот и психоанализата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVII2+16

Наставник: д–р Јасна Котеска

Цели на предметната програма:

1. Запознавање со концептите на машкоста и женскоста во психоанализата.

2. Анализа на основните идеи за родот кај неколку генерации психоаналитичари: Зигмунд Фројд, Јулија Кристева, Жак Лакан и други.

3. Анализа на односот на психоанализата и родот, како и потенцијалите за

воспоставување анти-нормативна родова политика..

Содржина на предметната програма:

Содржина на предметната програма:

1. Психоанализата и родот – историски и концептуални врски.

2. Зигмунд Фројд и родот. 2.1. Фројд и концептите на женскоста. 2. 2. Фројд и концептите на машкоста. 2.3. Родот во централните Фројдовски клинички случаи.

3. Јулија Кристева и родот. 3.1. Темата на абјектот. 3.2. Семиотичкото наспрема симболното. 3.3. Мајчинството како тема кај Кристева.

4. Жак Лакан и родот. 4.1. Родот во низата на означителите. 4.2. Теоријата за другоста на Лакан. 4.3. Статусот на родот кај Жак Алан Милер.

5. Родот во школата на словенечката теориска психоанализа, Славој Жижек, Рената Салецл и други.

Литература:

1. Котеска, Јасна. Фројдовска читанка, рана психоанализа (1893-1899), Култура, Скопје, 2013

2. Фројд, Зигмунд, Женскост, Ѓурѓа, Скопје, 2008

3. Lacan, Jacques, Transference: The Seminar of Jacues Lacan, Book VIII, Cambridge: Polity Press, 2015

4. Kristeva, Julia, Marriage as a Fine Art, New York: Columbia University Press, 2016

5. Žižek, Slavoj, Antigone, New York: Bloomsbury Academic, 2016

6. Salecl, Renata (ed.), Sexuation (sic 3), Duke University Press, Durham and London, 2000