Р701З/18: Етиката и родот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | VI | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Сузана Симоновска
Цели на предметната програма:
Да ги запознае студентите со новите обиди во етичката теорија за преиспитување и редефинирање на традиционалните етички категории и вредности од родов аспект; да ја поттикнува и развива нивната морална свест низ призмата на родовата еднаквост.
Содржина на предметната програма:
Вовед во етиката и моралот. Основни форми на манифестација на моралот: морален суд, морални вредности и норми, морална свест и совест. Доброто и злото како централни етички категории. Поделба на етиката: теориска и нормативна етика. Краток преглед на етичките теории. Раѓањето на феминистичката етика: општествен контекст. Родот и етиката: проблемите на одвоените сфери. Преиспитување на машките и женските морални вредности: женски, мајчински, гиноморфички и феминистички етички пристапи. Феминистичката преобразба на моралната теорија: креирање на етика на родова еднаквост заснована на не-сексистичи морални принципи, политики и практики.
Литература:
-Симоновска, С., Скаловски, Д., Етиката и родот (прирачник), Скопје: Филозофски факултет, 2012
-Zajović, S., Urošević, М. (ur.), Feministička etika odgovornosti, Novi Sad: Art print, 2014
-Zajović, S., Kovačević, Lj., (ur.), Feministicka etika brige, Novi Sad: Studio Denik, 2012
-Ljiljana Vuletić (ur.), Ksenija Atanasijević – etika feminizma, Beograd: Helsinški odbor za ljudska prava u Srbiji, 2008
-Векио, С., „Добрата жена“, во: Клапиш-Зубер, К. (ур.), Молкот на средниот век, Скопје: Филозофски факултет, 2013