Р601З/18: Историја на родот и полот во 20-ти век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVI3+26

Наставник: д-р Сузана Симоновска

Цели на предметната програма:

Да ги запознае студентите со статусот на родовите улоги во дваесеттиот век (период кој го означува прогресот и еманципацијата на жените), како и со промените на родовите релации во услови на обезбедување на еднакви права и можности; да го поттикне нивното разбирање на машко-женските релации како социјални конструкти.

Содржина на предметната програма:

Историскиот контекст на XX век: новата конструкција на родовите улоги. Национализација на жените: Првата светска војна и триумфот на родовите разлики. Модерните жени во дваесеттите години. Жените, творештвото и претставувањето: филозофски разлики. Големите промени: контролирана еманципација. Мајчинството, семејството во променетите општествени услови; Правото и демократијата. Феминизмот во седумдесеттите години. Најнови состојби. Концепти на сеопфатно сексуално образование: сексуални права и нивното остварување (меѓународни и национални закони).

Литература:

1. Диби, Ж., Перо, М. (ур.), Историја на жените (5-ти том), Скопје: Филозофски факултет, 2018

2. Хот, Р. К., Феминизам и род, Скопје: Сигма Пресс, 2011

3. Мојанчевска, К., Низ перспектива на жената, Скопје: Мултимедиа, 2008

4. Zaharijević, A. (ur.), Neko je rekao feminizam? Kako je feminizam uticao na žene, Beograd: Heinrich Böll Stiftung, Regionalna kancelarija za Jugoistočnu Evropu, 2007

5. Gizela, B., Žena u istoriji Evrope, Beograd: Clio, 2005