Р501З/18: Историја на родот и полот во 19-ти век
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Сузана Симоновска
Цели на предметната програма:
Студентите да се здобијат со знаење за општествените, економските и политичките околности кои го овозможија појавувањето на феминистичкото движење и теорија во периодот од Француската буржоаска револуција до Првата светска војна. Како променетиот општествен контекст влијае во креирањето на родовите идентитети во 19. век.
Содржина на предметната програма:
Француската револуција како појдовна точка; родовите разлики во философијата на 19. век; законските контрадикции; католичкиот модел и протестантската жена; секуларниот модел на едукација на девојчињата; уметнички и литературни идоли; јавна и приватна жена; појава на женската модерна; феминистичко движење; гласот на жените.
Литература:
1. Диби, Жорж и Перо, Мишел (ур.), Историја на жените на Западот: од појавата на феминизмот до Големата војна, Филозофски факултет, 2018
2. Griffin, Ben, The Politics of Gender in Victorian Britain: Masculinity, Political Culture and the Struggle for Women’s Rights, Cambridge, 2012
3. Jill Rappoport, Giving Women: Alliance and Exchange in Victorian Culture, Oxford university press, 2012