Р303З/18: Антропологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииIII2+26

Наставник: д–р Сузана Симоновска

Цели на предметната програма:

Да ги упати студентите во основните антрополошки категории; да ги запознае со разните ориентации на антрополошката теорија; да го помогне нивното разбирање на човекот и светот; да ја поттикнува и развива нивната самосвест и самоидентификација.

Содржина на предметната програма:

Антропологијата како наука во системот на науките. Методи на антропологијата. Генеза на човекот. Поим на човекот. Самоидентификација на човекот во времето и просторот. Структура на човековото битие – тело и дух. Сексуалноста како посебен сегмент на структурата на човековото битие. Човековите потреби. Корелација помеѓу потребите. Аберации на потребите. Вредности и вреднување. Облици на човекување: труд, игра, сон, мит, религија, обичај, морал, уметност и јазик.

Литература:

1. Шулц, А. Е., Левенда, Х. Р., Културна антропологија, Скопје: Просветно дело, 2009

2. Гембел, К., Основи на антропологијата, Скопје: Табернакул, 2009

3. Парк, А. М., Вовед во антропологија, Скопје: Арс ламина, 2012

4. Ортега и Гасет, Хозе, За љубовта, Скопје: Ѓурѓа, 2010

5. Елијаде, М., Митот за вечното враќање, Скопје: Слово, 2007