СИЗ/18: Спорт и здравје
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | I | 0+2 | 0 |
Наставник: д–р Ристо Стаменов
Цели на предметната програма:
Целта на предметот спорт и спортски активности е усвојување на нови и усовршување на старите моторни знаења и вештини, подобрување на моторните и фукционалните спсособности се со цел унапредување на здравјето, задоволувањето на потребате за движење, оспообување на студентот за рационално, содржајно користење на слободното време како и подобрување на квалитетот на животот во младоста, во зрелата возраст и староста. Унапредување на социјалната комуникација. Очекувани резултати: Оспособување на студентот за самостојно спортување и физичко вежбање, запознавање со законитостите на физичката култура и правилната исхрана. Стекнување знаења за структурата, правилата, принципите на тренажниот процес и специфичностите на избраната кинезиолошка активност.
Содржина на предметната програма:
А. Програм – основен редовен програм: кошарка, мал фудбал, одбојка, ракомет, танцови фитнес програми (аеробик, степ-аеробик, пилатес, и сл.)
Б. Програм – изборна настава: Планинарење и логорување, Пливање, Велосипедизам, Ролање, Лизгање, Скијање, Пинг-понг
В. Програм за студентите со посебни потреби: физички активности во зависност од дијагнозата на студентот
Г. Изборни програми за студентите од повисоките години на студии
Д. програм – спорски натпревари.
Литература:
1. Наумовски М., Даскаловски Б., Теоретски основи на кошарката, Гого-пром, Скопје, 2016
2. Стрезовски Г., Ракомет, Македонско сонце, Скопје, 2002
3. Миленкоски Ј., Циев Д., Одбојка, ФФК, Скопје, 2002
4. Kostić R., Odbojka, tehnika i taktika, SIA, Niš, 1999