О702З/18: Основи на воена вештина
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | VII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Ванчо Кенков
Цели на предметната програма:
Основна цел е студентите да се стекнат со научни сознанија од соодветната област, да се оспособат за самостојна работа и работа во институциите на државата кои се занимаваат со проблемите од одбраната.
Содржина на предметната програма:
Воена вештина, поим, предмет и содржина на воената вештина; стратегија, оператика, тактика – гранки на воената вештина; принципи на воената вештина; вооружени сили на Р. Македонија; армијата на Р. Македонија во системот на одбраната; армијата на Р. Македонија во реализација на воената вештина; вооружена борба, подготовки за вооружена борба, видови на борбени дејства, основни облици на борбените дејства, основни содржини на вооружената борба, искуствата од локалните војни во СФРЈ; Заливската војна, интервенцијата на НАТО врз Југославија, интервенцијата врз Авганистан и Ирак.
Литература:
1. Ванчо Кенков, Основи на воената вештина со тактика на чета, Филозофски факултет, 2012
2. Слободан Цветковиќ, Tактиката како вештина, Алфа-94, Скопје, 2002
3. Слободан Цветковиќ, Oпшта тактика, CINOM Скопје, 2000
4. Peter Paret, Makers of Modern Strategy, Princeton University Press, Princeton,New Jersеy.