Б606И/18: Криминалистичка тактика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI3+16

Наставник: Проф. д-р Ванчо Кенков

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења и умеења за криминалистичко тактички и оперативни дејствија во насока на расветлување на кривичните дела и разбирање на постапките за нивна примена. Покажување знаење и разбирање во насока на примена на современите методи при соочување со тешки форми на криминал, како и способност за постапување со сведоци, осомничени и жртви.

Содржина на предметната програма:

Поим и предмет на криминалистичката тактика, криминалистичко-оперативни евиденции согласно позитивното законодавство, превземање на оперативно тактички мерки и полициски овластувања: утврдување идентитет, собирање информации, повикување, приведување, задржување, заседа, блокада, привремено одземање на предмети, преглед и претрес на лице и обезбедување и преглед на местото на настанот. Тактика на спроведување на истражни дејствија:увид, претрес, испитување на сведоци, испитување на осомнничени, препознавање и реконструкција. Третирање на жртвите од кривичните дела и водење информативен разговор. Криминалистичко-тактички аспекти на обработка на местото на настанот и прелиминарни анализи. Примена на полиграф.

Литература:

1. Владимир Водинелиќ, Криминалистичка тактика, Центар за образование на кадри од областа на безбедноста, 1995

2. Владимир Кривокапић, Милан Жарковић, Бранислав Симоновић, Криминалистика – тактика, Београд: Виша школа унутрашњих послова, 2003

3. Владимир Водинелић, Криминалистика, Београд, 1985