БОМ406И/18: Европска безбедност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | IV | 3+1 | 6 |
Наставник: д–р Лидија Георгиева
Цели на предметната програма:
Овозможување преглед и пристап до базичните концепти и прашања за безбедноста во рамките на Европскиот контекст. Преку разбирање на историскиот развој, институционалните решенија и теориската рамка вградена во европската безбедносна архитектура, студентите ќе се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за современите прашања на европската безбедност и градењето на современиот безбедносен концепт на регионално ниво.
Содржина на предметната програма:
Содржина на предметната програма: Европска безбедност: реалистичен и либерално- институционален пристап; национална, регионална и меѓународна безбедност-теориски основи; одбранбена и безбедносна дилема; Европски концепт и европски идентитет; Европската безбедност и Студената војна: блоковска конфронтација, одвраќање и воено- политички сојузи; детант, процес на КЕБС; Европски иницијативи по студената војна: европски безбедносни институции (институционална рамка) од колективна одбрана кон взаемна безбедност; НАТО, ЗЕУ, ОЕБС; Европски безбедносен и одбранбен идентитет; улогата на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент; развој на заедничка надворешна и безбедносна политика (кооперативна безбедност, цивилен кризен менаџмент и превенција на конфликти, градење на мирот; НАТО и ЕУ низ трансатлантските релации: европски безбедносен и одбранбен идентитет и европска безбедносна и одбранбена политика; Трансформација и проширување на НАТО (НАТО од Рим до Прага), ЈИЕ и евро-атлантските интеграции; партнерство и соработка; реформи на безбедносниот сектор; мировни мисии; Република Македонија и европската безбедност.
Литература:
1. Георгиева Лидија, Европска безбедност, Филозофски факултет, 2010