БОМ304З/18: Етиологија на заканите
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | III | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Лидија Георгиева
Цели на предметната програма:
Целта програмата е преку интердисциплинарна теориска рамка да стекнат теоретски и емпириски знаења за безбедносна политика, анализа на ризик и организации во променливиот свет; Да ги идентификуваат, објаснуваат и толкуваат методолошките и аналитички алатки во врска со прашањата кои се поврзани со анализа на ризик и безбедност. Да покажат разбирање на надворешниот свет и за новите меѓународни случувања, проблемите со ризиците и безбедноста, а како последиците и организациските предизвици во јавниот или во приватниот сектор.
Содржина на предметната програма:
Дефинирање на концепциските основи: закани, ризици и загрозувања низ интердисциплинарен пристап; Концептот на насилството (директно, физичко и структурно насилство, културно насилство и насилен екстремизам); Мирот, насилството и конфликтите; Категоризација на ризиците-нивоа и сектори за анализа на ризиците, индивидуално, национално, системско ниво; Локални и регионални кризи; Категоризација на заканите – политички, економски, социетални, еколошки и воени закани; Перцепција на заканите; Закани за мирот и безбедноста по Студената војна- облици и видови на закани, интензитет и ескалација, хоризонтална и вертикална дистрибуција; Предизвици за мирот и безбедноста по Студената војна-симетрични и асиметрични закани, воени и невоени закани, продолжен конфликт, криза, вооружен конфликт, етнички конфликти, хуманитарни кризи, миграции и бегалци, тероризам, нуклеарно вооружување, мало и лесно оружје; насилен екстремизам. Политиката за справување со ризици на Република Македонија.
Литература:
1. Георгиева Лидија, Менаџирање на ризици, Филозофски факултет, 2009
2. Алекс Шмид, Thesaurus and Glossary of early warning and conflict prevention, SIPRI Yearbook, 2016