Д106И/18: Англиски јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаI3+26

Наставник: д–р Солзица Поповска

Цели на предметната програма:

Целта на предметот е да ги оспособи студентите активно да се служат со соодветниот стручно-научен регистар на англиски јазик Компетенции: Зајакнување на четирите јазични компетенции во соодветната област: читање, говорење, пишување и слушање; Преземање одговорност за сопствените резултати; Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични научни и интердисциплинарни дискусии.

Содржина на предметната програма:

а) специфични тематски содржини (соодветно на областите на кои се предава)

б) лексички и морфо-синтаксички елементи: -збор: градба, вид, деривација – именки и именски фрази, интернационални стручни термини, термини со полисемантичко значење (специфично, преносно, метафорично и др.) термини компонирани со префикси од грчко или латинско потекло – придавки и прилози – неопределени глаголски форми: инфинитив, партицип, герунд – реченици: прости, просто-проширени, зависни, независни

в) запознавање со основиве на академско пишување: правење белешки, пишување пасус, споредба, причинско-полседични врски, давање инструкции, службени писма, подготвување на апликации, биографија (CV)

г) дополнителни активности за студентите: презентации на единечни и групни проекти на стручна тема

Литература:

1. Short, Jane, English for Psychology in Higher Education Studies, Garnet Education, 2010

2. Hogue, A., First steps in Academic Writing, Longman Publishing Group, London, 1996