СР601З/18: Системи на социјална сигурност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVI4+26

Наставник: д–р Маја Геровска Митев

Цели на предметната програма:

Стекнување продлабочени сознанија за потребата од оформување на систем на социјална сигурност, институционалните форми на социјалната сигурност, обезбедувањето средства и финансирањето на социјалната сигурност, програми кои се наменети за социјална сигурност и долгорочни извори на средства за социјална сигурност, како и функционирањето на системите на социјална сигурност во Република Македонија.

Содржина на предметната програма:

– Поим и значење насоцијалната сигурност

– Системски основи на социјалната сигурност

– Цели на системите за социјална сигурност

– Механизми на системите за социјална сигурност

– Извори на средства за финасирање на социјалната сигурност

– Институционални и материјани фактори на сигурноста

– Нивоа на менаџирање на социјалната сигурност

– Системи на социјално осигурување во одделни земји

– Европски модели на социјална сигурност

– Планирање во системите на социјална сигурност

– Одржливоста на системите на социјалната сигурност

– Меѓународната димензија на системите на социјална сигурност

– Влијанието на економската криза врз системите на социјална сигурност

Литература:

1. Пејковски Јован, Системи на социјална сигурност, Филозофски факултет, Скопје, 2016

2. Walker Robert, Social Security and Welfare, Open University Press, 2005