СР505И/18: Компаративна социјална политика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаV3+26

Наставник: д–р Маја Геровска Митев

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за методите и пристапите во споредбеното проучување на социјалната политика, како и стекнување знаења и вештини за анализа на спецификите на социјалните држави во Европа. Да се стекнат вештини за поимање и анализа на споредбените специфики на политиките за социјална помош, семејни политики, стамбени политики, здравствени политики.

Содржина на предметната програма:

Теории и методи во компаративната социјална политика; Бизмаркови социјални држави; Либерални социјални држави; Нордиски социјални држави; Јужно-европски социјални држави; Социјални држави во Централна и Источна Европа; Политики за социјална помош; Семејни политики; Стамбени политики; Здравствени политики.

Литература:

1. Кенет Патриша (ур.), Прирачник за компаративни социјални политики, Арс Ламина, 2012

2. Шуќур, З. (гл. и одг. ур.), Хрватски ревии за социјална политика (www.rsp.hr), Правен факултет, Загреб, 1996