д–р Катерина Наумова

Редовен професор

Проф. д–р Катерина Наумова е родена 1977 година во Скопје. Дипломирала (2000) и магистрирала (2008) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2002 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за психологија. Докторската дисертација на тема „Лонгитудинална процена на менталното здравје и квалитетот на живот кај лица со долготраен посттрауматски стрес” ја одбранила во јуни 2013 година на Филозофскиот факултет во Скопје, со што се стекнала со звањето доктор на науки по психологија. Во звање доцент е избрана во октомври 2013 година. Од септември 2018 година е вонреден професор при Инститот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Учествувала во повеќе домашни и меѓународни проекти поддржани од Европската комисија, СЗО, УНИЦЕФ, ДААД фондацијата, МОН и Министерството за култура на РМ.

Била главен и одговорен уредник на меѓународното списание „Психологија: наука и практика“ (2018-2019). Од 2020 година е раководител на докторските студии по психологија при Филозофскиот факултет.

Член е на Комората на психолози на РСМ; на Европската асоцијација за клиничка психологија и психолошки третмани; на Европското здружение за истражување на интернет-интервенции; на Здруженијата за психолошко советување и за клиничка невропсихологија, и на Секцијата за здравствена психологија при Американската психолошка асоцијација.

Истражувачки интереси: стрес, траума и справување; превенција и унапредување на ментално и телесно здравје; трансдијагностички пристапи кон нарушувањата на менталното здравје.

Проф. д–р Катерина Наумова изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ПС161З/19] Клиничка психологија

  • 2

    [ПС2015И/19] Здравствена психологија

  • 3

    [ПС2016И/19] Психологија на абнормалноста

  • 4

    [ФПС206И/19] Унапредување на менталното здравје

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ПС109И] Клиничка психологија

  • 2

    [ПС217И] Клиничка здравствена психологија

  • 3

    [ПС218И] Процена и третман на нарушувања на менталното здравје



Библиографија

Наумова, K. (2022). Трансдијагностичка перспектива кон нарушувањата на менталното
здравје. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, 159-171.
https://doi.org/10.37510/godzbo2275159n

Naumova, K. (2022). Dimensionality and reliability of the Depression Anxiety Stress Scales-
21 among adolescents in North Macedonia. Frontiers in Psychology, 13:1007594
https://doi.org/10.3389/fpsyg.2022.1007594

Naumova, K. & Naumov, F. (2022). Level of personality functioning and its relationship with
core schemas in anxiety and mood disorders. Mediterranean Journal of Clinical Psychology,
10(2). https://doi.org/10.13129/2282-1619/mjcp-3395

Naumova, K. (2022). “I could easily get professional help if I wanted to”: Professional help-
seeking intentions and the Theory of Planned Behaviour. Psihologija, 55(4), 427-442
https://doi.org/10.2298/PSI210812006N

Naumova, K. & Naumov, F. (2022). The relevance of authenticity to clinical distress:
Reaffirming the role of self-alienation. Primenjena Psihologija, 15(1), 3-27.
https://doi.org/10.19090/pp.v15i1.2361

Блажевска-Стоилковска, Б. и Наумова, К. (2022). Адаптација на инструменти за
ризично однесување и импулсивност кај адолесценти. Филозофски факултет

Наумова, К. (2020). Психологијата и иновациите. Во А. Петковска, К. Наумова, М. Тодоровска, и В. Саракински. Иновацијата низ хуманистичките и општествените науки (стр.59-90). Филозофски факултет.

Наумова, К. (2020). Писменост за менталното здравје и намери за барањето помош: испитување на демографски и психолошки корелати. Психологија: наука и практика, IV(7-8), 57-78.

Blazhevska-Stoilkovska, B. & Naumova, K. (2020). Psychometric properties of the Brief Symptom Inventory in a clinical and nonclinical sample. Psychology: Science and Practice, IV(7-8), 11-25. 

Naumova, K., & Kitkanj, Z. (2019). Approach/avoidance personality traits as predictors of psychopathology in convicted offenders. Psihologija, 52, 75-91. https://doi.org/10.2298/PSI180130030N

Kitkanj, Z. & Naumova, K. (2018). Reinforcement sensitivity in reoffenders and violent offenders. Journal of Special Education and Rehabilitation, 19, 69-84. https://doi.org/10.19057/jser.2019.41

Наумова, К. (2018). Психолошката архитектура на посттрауматското стресно растројство. Психологија: наука и практика, II(3), 55-66. https://doi.org/10.37509/psyscip183055n

Наумова, К. и Поповски, М. (2015). Анксиозност поврзана со смртта кај млади возрасни: полови разлики и емоционални корелати. Психологија: наука и практика, I(2), 7-26. https://doi.org/10.37509/psyscip151.2007n

Наумова, К. (2015). Фактори на ризик за хронична траекторија на посттрауматска адаптација. Психологија: наука и практика, I(1), 87-107. https://doi.org/10.37509/psyscip151.1088n

Поповски, М. и Наумова, К. (2015). Стигматизација на лица со нарушено ментално здравје и контактите со нив кај студенти со различна професионална     ориентација. Психологија: наука и практика, I(1), 27-45. https://doi.org/10.37509/psyscip151.1027p

Наумова, К. (2014). Когнитивни модели на посттрауматски стрес. Годишен зборник на Филозофски факултет, 67, 113-126.

Наумова, К. (2011). Психолошка процена на посттрауматски стрес. Годишен зборник, 64, 135-145.

Наумова, К. (2010). Посттрауматски стрес: теоретски модели, типологија и етнокултурни аспекти. Годишен зборник на Филозофски факултет, 63, 271-286.

Наумова, К. (2009). Од траума до посттрауматско стресно растројствo. Годишен зборник на Филозофски факултет, 62, 201-217.

Поповски, М. и Наумова, К. (2009). Стигматизација на лица болни од шизофренија и на зависници од дрога и алкохол. Ревија за социјална политика, 2(3), 231-244.

Поповски, М. и Наумова, К. (2008). Долготраен посттрауматски стрес и квалитет на живот кај внатрешно раселени лица во Македонија. Годишен зборник на Филозофски факултет, 61, 129-146.

Popovski, M. & Naumova, K. (2008). Trauma and posttraumatic stress in war IDPs in Macedonia. Psihijatrija Danas, 40(1), 15-29.