ПЕ806И/18: Игра и игровни активности
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VIII | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Алма Тасевска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат научни и теоретски сознанија за основните карактеристики на детската игра. Студентите да стекнат компетенции за темелни педагошки вредности на играта и игровните активности. Студентите да развијат способности за практична примена на играта и игровните активности во различни методски и воспитно-образовни контексти.
Содржина на предметната програма:
Историски развој на играта и игровната активност, Поим за игра и игровна активност, Основни карактеристики на детската игра, Идеолошки и теоретски основи на игровната активност, Класификација на игрите, Структура на играта, Видови игри, Воспитното значење на детската игра, Од игра до игровна активност, Игровната активност како методски концепт, Проблемот на дидактичкиот префикс на игровната активност, Методска артикулација на игровната активност, Возраста на децата и играта, Улогата на воспитувачот во детската игра, Играта во различни социокултурни контексти.
Литература:
1. Тасевска, А., Методска концептуализација на игровната активност, Филозофски факултет, Скопје, 2015
2. Wood, E., Attfield, J., Play, Learning and the Early Childhood Curriculum, London: Paul Chapman Publishing, 2006
3. Moyles, J., The Excellence of play, London: Open University Press, 2005
4. Scarlett, W. G, Salonius Pasternak, S. N. D., Ponte, I., Children’s Play, London: Sage Publications, 2005
5. Дамовска, Л., Играта и нејзиното организирање во предучилишни установи, Скопје: Догер, 1995
6. Evans, J. L., Early childhood counts: a programming guide on early childhood care and Development, Washington, D.C.: The World Bank, 2000
7. Трнавац, Н. и др., Дидактичке игре, Београд: Завод за уџбенике и наставна средства, 1991
8. Hamilton, D. S. & Flemming B. M., Resources for Creative teaching in early childhood education, New York: Harcourt Brace, 1990