ПЕ204И/18:Педагошка психологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаII3+26

Наставник: д–р Елена Ачковска Лешковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со научните сознанија од областа на психологијата на образованието и да се оспособат за практична примена на истите во воспитно-образовниот процес.

Содржина на предметната програма:

Предмет и методи на педагошката психологија. Психички процеси, состојби и способности и нивната улога во училишното учење и наставата. Училишно учење, помнење и заборавање. Психологија на ефикасната настава (социо-емоционална атмосфера во класот, интеракција наставник–ученик, воспоставување училишна дисциплина). Структура и развој на личноста. Особини на успешен наставник. Ученици со посебни образовни потреби. Психолошки аспекти на оценувањето.

Литература:

1. Ачковска Лешковска, Е. (ур.), Педагошка психологија (скрипта за интерна употреба), 2017

2. Vizek-Vidović, V., Rijavec, M., Vlahović-Štetić, V., Miljković, D., Psihologija obrazovanja, Zagreb: IEP VERN, 2. izdanje.